1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Глигоров со репрезентацијата против Малта

Никола Глигоров, капитенот на Работнички, се’ уште под имепресиите од дуелот против Ливерпул и од настапот на Енфилд Роуд, со македонската репрезентација денеска ќе настапи на пријателскиот меч против Малта.

default

Никола Глигоров

Работнички својот пат во Лигата Европа го заврши во третото коло. Капитенот вака го коментира настапот: „Сите во клубот, играчите и управата, сме задоволни како го презентиравме клубот оваа евро-сезона. Минавме две кола, стигнавме до третото во кое имавме среќа за противник да го добиеме големиот Ливерпул. Реално беше тоа да е крај на нашиот пат во Европа. Сепак презадоволни сме од учинокот.“

Fußballspiel FC Liverpool gegen FC Rabotnicki

Трибините на натпреварот Ливерпул - Работнички

Популарните скопски „Романтичари“ се враќаат во стварноста, во мечевите од Македонската лига. Како Глигоров го проценува моментниот играчки капацитет? „Работнички како и досега ќе атакува на две титули во Купот и во првенството. Мислам дека имаме кадар да ги оствариме овие цели. Нема да биде лесно, бидејќи има уште три-четири екипи со кои ќе се бориме. И една освоена титула би значела успех во сезоната.“

Репрезентативно деби

26-годишниот Глигоров, отпатува со А репрезентацијата на Македонија на Малта, кадешто денеска (11.08.10) ќе го има своето репрезентативно деби. Не мисли дека по успешните настапи за младата репрезентација, бил

Mazedonien Land und Leute Mazedonischer Fußball-Nationaltrainer Mirsad Jonuz

Тренерот на репрезентацијата Мирсад Јонуз

подзаборавен од селекторите: „Велат кој чека и ќе дочека. Со работа, со залагање дојдов до првиот повик во репрезентацијата. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и дека и натаму ќе бидам дел од неа.“

Натпреварот против Малта, за Македонија е генералка пред патот во Словачка на премиерата од квалификациите за Европското првенство. Секој старт во ваквите циклуси по обичај е обвиен со оптимизам, вели Глигоров. „Секој почеток на квалификациите го очекуваме со оптимизам дека ќе направиме нешто повеќе. Така е и сега. Искрено мислам дека сега сме во можност да ја надминеме таа четврта позиција. Ќе биде тешко, затоа ќе мора да се создаде атмосфера, која би ни помогнала да успееме!“

Зидан еден од идолите

Со влезот во репрезентацијата се интензивира ли желбата и за ангажман во некој клуб во странство? „Сега за сега сум тука, ме врзува договор со Работнички, но мојот менаџер работи и се надевам дека во догледно време ќе се оствари трансфер во странство.“

Кога би бил во ситуација да бира некоја од силните европски лиги, кај Глигоров дилема нема! „Можеби е нереално, но Шпанската лига е таа која најмногу ја почитувам.“

Никола Глигоров, вели дека има неколку славни имиња, кои му се пример и го водат во градењето на сопствената кариера. „Зинедин Зидан беше играчот на кој му се восхитував. Тој беше играч од средината, место на кое играм и јас. Дејвид Бекам го почитувам поради големиот професионализам, кој го искажува и покрај огромната популарност што ја има. Тука е и Чаби Алонсо, чија игра ми е многу блиска и сакам да се поистоветам со него.“

Автор: Златко Калински

Редактор: Александра Трајковска