1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Глигоров: Приемот на Македонија во ОН - триумф на правдата

Преглед на позначајните изјави и цитати на претседателот Киро Глигоров

default

Киро Глигоров

Киро Глигоров, агитирајќи за референдумот за самостојност на Македонија 1991 година:

„Гласот за суверена и самостојна македонска држава е глас за Македонија, заеднички дом на Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите и претставниците на другите народи што живеат во неа, заеднички дом израснат врз вековното искуство на национална и верска толеранција и почитување, но и за достигнување квалитет на највисоки стандарди во меѓунационалните односи, така како што извира од духот на Крушевскиот манифест“.

Во ОН, на 8 април 1993, при приемот на Македонија под референцата ФИРОМ:

„Со овој чин се круниса повеќевековното тежнение на македонскиот народ и неговата 130 годишна борба за слобода и за независна држава. Приемот на Република Македонија во меѓународното семејство на народите е чин со кој триумфира правдата и светол пример како еден мал и мирољубив народ по мирен и легитимен пат го оствари своето право на самоопределување и државност и својата одговорност во меѓународната заедница“.

За атентатот врз него (1995) и разговорите со странски тајни служби во врска со тоа:

„До ден-денес ни еден од нив не ми пратил никаква информација, ни мене, ни на службите - верувам дека би ми кажале - и јас тоа го толкувам дека е од една друга причина: разузнавачките служби не сакаат да даваат информации за да не го откријат изворот“.

За настаните во Македонија во 2001 година:

„Ете сега настанаа некои тешкотии, се вели криза во Македонија, обид да се заземе еден дел од нашата територија. Нека се тоа неколку села, нека е тоа само обид да се дојде до Тетово, но од таму да се пука во срцето на градот и тие што го правеле тоа не знаат дали кога пукаат ќе погодат албанска или македонска куќа. Во секој случај, се случува нешто од што не може да се роди добро“.

Автор: Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска

Изјавите на претседателот Глигоров можете да ги проследите и во оригинал преку тонски записи: