1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Глигоров беше голем државник

Ангелика Беер и Валтер Колбо на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров се сеќаваат како на извонредна личност со историски заслуги, човек кој умееше добро да советува и да реагира.

default

Ангелика Беер

„Мора да се каже дека Глигоров беше извонредна личност со историски заслуги. Македонците со право тагуваат зашто изгубија човек кој како претседател постигна неверојатни работи. Тој беше убедлив Македонец, кој се залагаше за мир и дијалог. Така го запознавме и во суштина тешко е сфатливо дека еден ваков човек кој умееше секогаш добро да советува и реагира повеќе го нема“, изјави за македонската програма на Дојче веле Ангелика Беер,

Mazedonien Walter Kolbow

Валтер Колбо

поранешна европратеничка од партијата на Зелените и сега претседавач со Парламентарната мрежа за превенција на конфликти и безбедност. Истакнувајќи ги станиците кои Глигоров го внесоа во историјата, Ангелика Беер дополнува дека „овој извонреден претседател, кој останува во срцата на многу негови сограѓани, секогаш бил придружуван, почитуван и следен од германските пријатели“.

„Киро Глигоров беше голем претседател. Направи многу независноста на Македонија да мине мирно. Придонесе различните нации меѓусебно да се разбираат и мирно да живеат“, изјави за Дојче веле и Валтер Колбо, поранешен државен секратар во министерството за одбрана, екс-пратеник во Бундестагот и претседател на Германско-македонското друштво за соработка. Според Колбо, несомнен е приоднесот на Глигоров и во кризните години на Балканот. „Од април до декември 1999 година, во екот на кризата на Косово, Глигоров беше на крајот на неговиот мандат. Но, тој придонесе Македонија да биде на вистинската страна и да ги прифати бегалците на кои им требаше помош. Тој беше голем државник!“, смета Валтер Колбо.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска