1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Гласање за Резолуцијата за Македонија во Европарламентот

Европратениците денеска (14.03.2012) ќе гласаат за предлог- резолуцијата за напредокот на Македонија, доставена од известувачот на ЕП за Македонија, Ричард Хауит.

На гласањето на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур ќе му претходи дискусија која ќе се води меѓу европратениците и претставниците на Европската Комисија и на Советот на ЕУ, на која во преден план меѓу другото ќе биде ставена и актуелната состојба во Македонија по бројните инциденти и насилство меѓу младите .

Во резолуцијата предложена од британскиот европратеник Ричард Хаауит се бара почеток на пристапните преговори со Македонија. За разлика од првобитниот текст продлабочени се некои забелешки, критики и совети за нивно надминување. Наместо на првичните десет страници, таа сега се наоѓа на петнаесет страници, односно 24 нови точки во кои се опфатени шеесетината амандмански промени за време на комисиската расправа во јануари.

Во денешната дискусија во пресрет на гласањето во прв план покрај актуелните состојби во Македонија ќе бидат ставени токму и измените на текстот на резолуцијата .

Текстот на резолуцијата за Македонија се’ уште може да претрпи промени со нови амандмани, кои можат да се поднесуваат до денот на гласањето, но тие нема да променат ништо битно бидејќи сегашнава верзија е компромисно решение меѓу најголемите политички групи во Европскиот парламент.

Автор: ТГ/СН

Редактор: С.Недевски