1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Гласање за доверба на словенечката влада

Словенечката влада денеска (27.02) во парламентот во Љубљана е соочена со гласање за доверба. Гласањето се очекува за доцна вечерва, по дебата која најверојатно ќе трае во текот на целиот ден.

Опозицијата во парламентот бара Аленка Братушек од централно-левичарската партија Позитивна Словенија да го замени на функцијата премиер Јанез Јанша (фото горе). Неговата влада е во распад откако државната Антикорупциска комисија во јануари покрена обвинувања против него. Имено, тој не објаснил од каде на неговата приватна сметка се нашол износ од 210.000 евра. Премиерот призна дека некои парични трансфери ги пријавил предоцна, но нагласи дека станува збор за обиди тој да биде дискредитиран и претпостави дека е „гаѓан“ од сопствените редови.

Во меѓувреме, три коалициони партнери ја напуштија владата - Словенечката народна партија, Граѓанската листа и Демократската партија на пензионери.

Во случај Аленка Братушек да добие мандат за составување нова влада, таа во рок од 15 дена треба да го предложи составот на новиот кабинет. Братушек, доколку биде избрана, би била прва жена премиер во историјата на Словенија.