1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Гласачите сакаат да видат соочување на кандидатите

Јавно соочување на претседателските кандидати е потребно во секоја напредна демократија, истакнуваат експертите. Кандидатите, пак, меѓусебно се уценуваат. Дали постои доволно политичка зрелост за јавно соочување?

default

Телевизиските екрани засега остануваат празни

Во осумнаесетгодишниот плурализам, впечатлив беше првиот радио-дуел меѓу претседателските кандидати Киро Глигоров и Љубиша Ѓорѓиевски во 1994 година. Потоа следуваше телевизиско соочување на кандидатите за премиер, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски во 1998 година и во истиот состав - четири години подоцна. И при изборот на наследникот на загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски, гласачите ја следеја дебатат Бранко Црвековски - Сашко Кедев. Премиерот Никола Груевски, пак, откако ја презема лидерската функција во ВМРО-ДПМНЕ, ако анкетите покажуваат дека е во фаворитска позиција, ги одбегнува медиумските расправи. Изгледа дека овој одбранбен механизам ќе го следи и претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Иванов, кој телевизиското соочување со ривалот од СДСМ, Љубомир Фрчковски, го условува со претходно извинување за навредите што ги добил од него.

Претставниците на ЕУ и меѓународната заедница, пак, апелираат дека во секоја напредна демократија, претседателските кандидати треба да се соочат пред очите на јавноста. „Се надевам дека ќе биде организирана медиумска дебата, затоа што избирачите сакаат да слушнат соочување на аргументите за претседателските платформи“, изјави Ерван Фуере.