1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гладот во светот се намалува

Новиот индекс за глад во светот покажува позитивен резултат. Ситуацијата е подобрена пред сѐ во Латинска Америка.Сепак за претседателката на Организацијата за помош на гладните во светот состојбата и натаму е скандалозна

Во целиот свет гладуваат 842 милион луѓе. Ова произлегува од индексот за глад во светот во 2013 година на Организацијата за помош на гладните во светот и Меѓународниот истражувачки институт за прашања околу исхраната. Според овие податоци и натаму секој осми човек не е доволно нахранет.

Претседателката на рганизацијата за помош на гладните во светот Бербел Дикман оцени дека е ова скандал. Сите луѓе би можеле да бидат нахранети, бидејќи има доволно храна. Но не се успева, прехранбените производи да се распределат доволно добро, изјави Дикман при претставувањето на индексот во Берлин.

Во споредба со 1990 година овој индекс сепак е намален за 34 проценти. Оттогаш 23 земји постигнаа значителен напредок во борбата против гладот. Меѓу нив покрај другите се вбројуваат Тајланд, Виетнам како и повеќе латиноамерикански држави. Најлоша е ситуацијата на луѓето на Коморските Острови, во Еритреа и во Бурунди.

Индексот за глад во светот се пресметува според податоци за уделот на недоволно нахранети луѓе, деца со прениска тежина и коефициентот на смртност кај децата под пет години во една држава. „Овие индикатори ги доставуваат меѓу другите од Организацијата за исхрана на ОН, Светската здравствена организација и УНИЦЕФ“, појаснува Констанце фон Оперман од Меѓународниот истражувачки институт за прашања околу исхраната. За цела редица земји како Ирак, Авганистан или Сомалија научниците немаа податоци. За изработка на индексот за гладот во светот 2013 година в предвид беа земни податоците од 120 земји.