1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Главоболки за Камерон поради буџетот на ЕУ

Британскиот премиер претрпе тежок удар во националниот парламент откако мнозинството пратеници го отфрлија неговиот предлог за замрзнување на ЕУ буџетот. Против Камерон гласаа и од неговата партија

Евроскептиците и лабуристичката опозиција во средата му зададоа тежок удар на британскиот премиер Дејвид Камерон при необврзувачкото гласање во парламентот, отфрлајќи го неговиот предлог за замрзнување на европскиот буџет за да го поттикнат да се избори за негово намалување.

Европската комисија предложи буџетот за периодот 2104 - 2020 година да изнесува 1.033 милијарди евра или пет отсто повеќе отколку за периодот 2007 - 2013 година. Британскиот премиер Дејвид Камерон смета дека какво и да е зголемување над нивото на инфлација би било незгодно во време на криза и рече дека во тој случај има намера да вложи вето на буџетот. Меѓутоа, некои од неговите конзервативни пратеници сакаат премиерот да направи чекор повеќе и да побара намалување на потрошувачката во идните преговори.

За амандманот за намалување на буџетот за периодот 2104-2020 година, коишто за гласање го поднесоа евроскептичните конзервативци и кој ја доби поддршката на лабуристите, гласаа 307 пратеници, додека 294 беа против. Британскиот премиерот Камерон кој во Брисел беше маргинализиран поради својата непопустливост, со ова го претрпи првиот поголем пораз во парламентот, соочен и со непослушност во сопствената партија. Премиерот Камерон го обвини лидерот на опозицијата Дејвид Милибанд за опортунизам, на што вториот му одговори дека по прашањето на Европа е слаб како порано Џон Мејџор.