1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Главна тема-борбата против терористите

Во Кабул продолжува вчера почнатата тридневна авганистанско пакистанска „мировна џирга“.Околу 600 религиски и племенски водачи се советуваат околу напнатата безбедносна состојба на границата меѓу двете земји.

default

Авганистанскиот претседател Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи средбата ја нарече историска:

„Како можеме да се бориме против Талибанците ,тоа е суштинското прашање на кое мора да биде најден одговор.“

Растечката несигурност во неговата земја не е дело на Авганистанци ниту на Пакистанци,тврди Карзаи,Авганистанците не би киднапирале странци,не би убивале муслимански духовници или палеле училишта како луѓето што доаѓаат од пакистанската страна на заедничката граница.

Скривалиште за екстремистите

Авганистанскиот безбедносен експерт Харун Мир поконкретно ја формулираше задачата:

„ Се работи за тоа да се убедат паштунските племиња да престанат со поддршката на Талибанците и на терористите од Ал Каеда.Тоа важи и за терористичките активности на Узбекистанците,Чеченците и други кои имаат бази во Пакистан.

Милитантните исламисти се стационирани во непристапните племенски предели на границата кон Пакистан ,Ал Каеда и Талибанците оттаму планираат напади врз цели во Авганистан.

Кризата околу Црвената џамија во јули покажа дека исламистите во меѓувреме стануваат проблем и на Пакистан.Пакистанскиот премиер Шаукат Азиз не сакаше да го прифати обвинувањето дека дестабилизацијата и екстремизмот доаѓаат пред се од пакистанската страна на заедничката граница.Неговото образложение-Авганистан сеуште не најде мир по падот на Талибанците,тоа е сржта на тешката состојба во која се наоѓа земјата.

Резултат ќе дадат само заеднички напори

Авганистанскиот делегат Абдул Хамид Мубараз„ мировната џирга“ ја гледа како шанса:

„Подобро е да се водат преговори со Пакистанците,екстремистите крајно се контролирани од таму,како од религиозниот водач Маулана Фасурам.“

Овој,како и други влијателни пакистански делегати ја бојкотираат џиргата зашто не се присутни и екстремистите.И Талибанците повикаа на бојкот на „мировната џирга“.Набљудувачите не сметаат со нејзин конкретен резултат,но овој традиционален иснтрумент сепак има шанса нешто да придвижи во борбата против тероризмот.