1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Гинисовиот грав се свари во Сарчиево

Покрај осветувањето на манастирот Света Петка, во штипското село Сарчиево денеска (08.08.) беше поставен нов рекорд: пред илјадници гости се подготви три тони грав со сланина. Досегашниот рекорд изнесуваше 1.2 тони.

default

Во котелот се варат 400 кг тетовски грав

Во Сарчиево денеска е празник. Илјадници луѓе од цела Македонија присуствуваат на осветувањето на манастирскиот комплекс Света Петка, на ктиторот Стојан Давчев, а воедно и на соборувањето на гинисовиот рекорд во приготвување грав од 3 тони и 300 иколграми.

Досегашниот рекорд го држат американски студенти кои имаат подготвено грав во сад од 1,2 тони.

Претставничка на меѓународното гинисово жири од Лондон пристигна во Сарчиево за да го верификува новиот рекорд, поточно волуменот на приготвеното јадење, за што подготовките траат повеќе од два месеца.

Идејниот творец на оваа несекојдневна манифестација на соборување Гинисов рекорд во Македонија е скопскиот бизнисмен во сферата на електрониката Стојан Давчев од фирмата „Дасто“, кој потекнува од ова село. За тоа од каде дојде идејата за натпревеварот, тој вели:

„Гравчето е како додаток на осветувањето на манасторт и нормално се дава ручек, а ако даваме ручек, ние сме економични луѓе, и рековме ајде да го собориме гиснисовиот рекорд“, вели Давчев и додава дека договорањата со претставниците на организацијата Гинисов рекорд траеле три месеци.

Гравот ќе биде прсти да излижеш

Чорбестиот грав од над три тони го приготви еден од најпознатите македонски готвачи Љупчо Гиевски, заедно со својата шестчлена екипа од хотелот „Александар Палас“. Тие прво неколку недели ги усогласуваа количеството и видот на намирниците што ќе ги ставаат во котелот.

Неговото полнење со намирниците почна рано утринава, во 6,30 часот, кога гравот сланината и останатите намирнции ги ставија во огромниот котел набавен специјално од Босна и Херцеговина. Во 7 часот веќе почна подготвувањето на јадењето.

Станува збор на огромно количество храна што, според планот треба да нахрани над 5.000 гости на денешното осветување на манастирот.

За тоа што се` стави во котелот, готвачот Гиевски за Дојче веле изјави: „Грав е некаде 400 килограми, 200 кг сланина, има кромид, брашно 20 кг, нане, црвен пипер, магдонос...“

Но, за кулинарите ова не е само надминување на бројка или соборување на рекордот. „Јас сум убеден дека не само што ќе го направиме гравот, туку тој ќе биде и вкусен, затоа што е тоа тетовски грав со сланина“, вели Гиевски

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Трајче Тосев