1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Гимназијалец води компјутерски бизнис

Соучениците на Јошуа Рупс се истовремено и негови муштерии. Од пред неколку месеци за само 10 евра тие на интернет можат да ја купат неговата компјутерска вежбанка за зборови.

Јошуа во гиманзијата во Моншау им објаснува на соучениците што се’ може неговата компјутерска програма. Секој внесен збор супер брзо се преведува преку интернет пребарувач и се придодава во сопствениот речник. 14-годишното момче веќе подолго го учи својот вокабулар со помош на компјутер, но другите програми секогаш го нервирале:

„Една програма двапати целосно ми се урна, така што сите мои зборови ги снема. И тогаш едноставно помислив - е сега ми е доста, сега ќе направам сопствена програма. Притоа секогаш помага, токму кај ваква програма, и самиот да си ученик, оти точно знаеш какви се барањата. Ниту еден возрасен не може толку добро да објасни што му е на еден ученик потребно за учење, како што може самиот ученик.“

Неговата детска соба му е седиште на фирмата. Тука тој годинаипол трпеливо работел и потоа конечно стана претприемач. Неговата компанија, според советот на Индустриската и трговска комора, меѓутоа, официјално се води на име на дедо му.

„Прво прашав во комората на градот Моншау дали можам да основам сопствена фирма. По неколку недели од комората ми соопштија дека, за жал, тоа не е возможно.Тие имаа големи задршки дека нешто нема да биде законски поради високата одговорност која постои на интернет, кога продавам сопствен софтвер“, вели Јошуа.

Ако оние што учат го слушаат потсетувањето за учење на нивните компјутери, можат брзо да го подобрат знаењето.

„Мислам дека преку програмата се учи полесно, бидејќи на наша возраст дома минуваме многу време пред компјутер и тогаш може да се направат и корисни работи“, вели една соученичка на Јошуа, а друг додава: „Забележувам и кај писмените работи. Со тоа и тие станаа подобри.“

Гледај видео 02:23

Погледнете го видеото за Јошуа Рупс



„Кога се работи со компјутерската вежбанка за зборови, тогаш за прашања не мора да се чека родителите да се вратат дома, туку може да се работи секогаш, кога се има време. И тогаш тоа временски е многу полесно“, вели трет.

Гимназијата на Јошуа сака да ја инсталира програмата на сите 65 училишни компјутери. За тоа да не биде прескапо, младиот претприемач веќе вети дека училишниот одбор може да преговара со него за некаква поволна збирна лиценца.

Аудио и видео прилози на оваа тема