1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Гимараеш- нов почеток на еден мал град

Освен Марибор, Европска престолнина на културата во 2012-та година е и малиот португалски град Гимараеш. Тоа е град на младите со оглед дека во него дури половина од населението е помлада од 30 години.

default

Гимараеш е мал, досега сосема непознат град на северот од Португалија. Но на 21 јануари годинава неговото име конечно ќе биде познато и надвор од границите на земјата. Тогаш, имено, токму како и словенечкиот град Марибор, и Гимараеш официјално „ќе ги отвори вратите“ како главен град на културата во Европа во 2012-та година. Иако овој момент е се’ поблиску подготовките и натаму траат, а возбудата кај секого од 50-те илјади жители се чувствува веќе со месеци на секој чекор.

Платформа за уметност и креативност

Flash-Galerie Guimaraes Europas Kulturhauptstadt 2012

Еден од највозбудените жители на Гимараеш деновиве секако е неговиот градоначалник. Домингош Браганца е одговорен пред се’ за инфраструктурата во градот, а со тоа и за бројните градилишта кои се’ уште не се затворени. Енергично и помалку нервозно ги обиколува местата во изградба се провлекува низ жици, ја надгледува работата на работниците, инжинерите. Кој овие денови сака да поразговара со него мора да го бара некаде низ градот.

„Еве овде во центарот градиме платформа за уметност и креативност. Таа зграда воедно ќе биде и најважна во текот на оваа година. Таа ќе стане симбол на Европската престолнина на културата“, објаснува со гордост градоначалникот Браганца. Во околината на зградата каде се’ уште се наоѓаат остатоци од стариот град ќе бидат сместени уметнички атељеа, галерии и разни работилници.

Долгорочни проекти

Guimaraes Europas Kulturhauptstadt 2012

„Жителите овде имаат изразено чувство за локален идентитет. Сите сме особено горди на нашиот град. Овде се корените на нашиот португалски идентитет и на нашата нација воопшто. Овде на пример е роден нашиот прв крал. Тоа ни е на сите важно. Сите се чувствуваме поврзани со ова наследство и еднакво сносиме одговорност за неговото зачувување“, вели Витор Маркез од Канцеларијата за туризам и култура. Тој и другите одговорни во градот за годината што претстои имаат планирано бројни нешта. Пред се’ како што вели директорот на програмата Карлос Мартинс, Гимараеш сака да биде поинаков од другите. „Ние би сакале да ја искористиме оваа можност и да создадеме нешто што ќе остане и ќе има влијание и врз генерациите кои допрва доаѓаат. Тоа е тешко, но ние така одбравме. Да организира две приредби може секој, но на градот да му се понудат долгорочни перспективи е секако потешко“, објаснува Мартинс.

Надеж за будење на локалното стопанство

Меѓутоа ова градче од 2012 година и многубројните посетители очекува се разбира и финансиска добивка, односно жителите се надеваат дека годинава некако ќе го разбуди и локалното стопанство. Економската криза која ја тресе Португалија, се чувствува и во Гимараеш. Овој град некогаш бил средиште на португалската текстилна и кожарска индустрија, но поради кризата без работа останаа многу луѓе и стапката на невработеност до неодамна изнесуваше 15 насто. Први знаци за подобрување на ситуацијата тука веќе се чувствуваат и тоа на пазарот на труд како и во градежништвото и архитектурата. Се поправаат улици, патишта, се реновираат плоштади, паркови, а во изградба е и нова Академија за дизајн со голема концертна сала како и бројни ателјеа за студенти и уметници. Се обновува и старото градско јадро како и старата индустриска зона и сето ова треба да биде завршено точно до 21 јануари, кога официјално започнува годината на Гимараеш како Европска престолнина на културата.

Автор: Корнелија Рабиц/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска