Гилад Шалит за илјада Палестинци | Свет | DW | 12.10.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гилад Шалит за илјада Палестинци

Палестинскиот Хамас и израелската влада постигнаа договор за ослободување на војникот Гилад Шалит кој веќе пет години е во заробеништво на оваа организација. Во замена ќе бидат ослободени 1.000 Палестинци.

default

Гилад Шалит

Веќе две години од него немаше ни трага, ниту глас.

На границата кон Појасот Газа, Шалит беше киднапиран од Хамас пред полни пет години, оттогаш е во заробеништво, целосно отсечен од надворешниот свет и од своето семејство. Во целиот период се појавија три негови писма, и една видео-порака на која изгледаше уморен и блед.

„Сакам да го поздравам моето семејство и да ви кажам, колку многу ве сакам и колку ми недостигате и колку копнеам за денот кога повторно ќе ве видам“, изјави тогаш Шалит.

Тој ден, може да се случи веќе следната недела.

Низ тешки преговори успеавме да дојдеме до овој договор, објави израелскиот премиер Нетанјаху по синоќешната седница на неговата влада. Во истовреме, тој го бранеше договорот, со кој на спротивната страна ќе бидат ослободени околу 1.000 палестински затвореници.

Тој ја разбира болката на семејствата кои загубија свои блиски поради палестинското насилство, но...:

„Ова е најдобриот договор кој можевме да го постигнеме во овие немирни времиња на Блискиот исток“.

Се слави и на палестинската страна: таму сега се очекува да се види кои ќе бидат ослободените затвореници, кои можеби уште следната недела ќе пристигнат во своите домови.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Сандра Хавенит/Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска