1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Гиевска: Оставка дадовме кога сфативме дека резултатот можеби нема да биде релевантен

Слободанка Гиевска беше само 10 дена претседател на ДПК и заедно со останатите членови даде оставка заради разликите со претставниците на албанската заедница во ДПК околу толкувањето на методологијата на попишување.

default

Слободанка Гиевска

Која е пораката што Македонија ја испрати со прекинувањето на пописот?

Гиевска: Државната пописна комисија смета дека доколку се спроведува ваква операција, таа треба да биде реализирана согласно законот и подзаконските акти. Сметавме дека не смееме да дозволиме операцијата да заврши на начин - резултатот да биде нереален или нерелевантен на фактичката состојба Тоа беше нашата водилка низ процесот.

Дали тоа значи дека во самата постапка имаше проблеми и аномалии?

Гиевска: Јас би ги поделила работите на два дела. Прво се техничките аспекти и второ - методолошките и законски аспекти. Од технички аспект, ние во првите два дена се сосочивме со предизвици да ги докомплетираме попишувачките парови, а законот предвидуваше модел што за прв пат се воведе во Македонија. Ние тоа го направивме во првите два дена, што беше задоволително за процесот да се заврши во законскиот рок. Од методолошки или законски аспект, имавме предизвици кои не се јавија пред пописот или на самиот старт од пописот, туку се јавуваа едно по друго, секој ден со нов предизвик или ново прашање што тоа законот предвидува, дали методологијата е релевантна тоа да го допрецизира.... Кога сфативме дека ваквите дилеми, што се прелеаја на теренот, предизивикуваат различна примена на законот, сфативме дека може да предизвика резултат што нема да биде релевантен. Тогаш одлучивме дека е подобро да нема резултат, отколку да биде нерелавентен.

Дали во пописот  влеговте неподготвени, за што проговори и вицепремиерот за рамковен договор Муса Џафери?

Гиевска: Господинот Џафери зборуваше за техничките аспкети, кои пред малку ви ги објаснив. Тоа не е така. Ние влеговме подготвени во пописот на ниво кое ни‘ дозволи, до завчера, во одредени делови во Македонија да се заврши 90 отсто од пописот.

Како го толкувате податокот дека на деветтиот ден од пописот 28 отсто од попишувачките двојки не беа формирани?

Гиевска: Ние зборувавме и со Еуростат. Кога се прават предвидувања статистички, тие не се оптимални, туку се праваат максималистички. Ние и со 70-80 отсто од попишувачките парови можевме да изведеме квалитетен попис. Ние на хартија ги формиравме 100 отсто од паровите, но на терен не беше така, па затоа во одредени делови на Македонија се стагнираше, некаде можеби и намерно се кочеше, а  некаде напредуваше минимално. Ние тоа го анализираме и затоа донесовме таков заклучок.

Дали во пописот политиката се инволвираше пренагласено и имаше ли политички притисоци?

Гиевска: Не. Јас немав политички притисоци. За мене единствен предизвик беа дебатите околу законот и неговите толкувања. Законот беше многу прецизен и јасен, тој имаше методологија со сите 20 критериуми, што беше одобрена. Немаше дилеми за мене, но очигледно кај одредени учесници во пописот имаше одредени дилеми околу законот и некаква заднина. За нивните мотиви не можам да коментирам. Јас немам дилеми за тоа како да се спроведе пописот и дека медодологијата беше спроведен на највисоко ниво.

Колку од предвидените 14 милиони евра досега се потрошени?

Гиевска: Јас не можам да ви дадам точна бројка. Дури сега ќе се прави проценка колкав надомест ќе им се даде на попишувачите, инструкторите, комисиите... Засега нема ниту груба слика за тоа. Ке имаме сума, но далеку од онаа со која се шпекулира во јавноста.

Кој ќе ја сноси одговорноста?

Гиевска: За политичката одговорност не би коментирала, додек за мојата одговорност одговорот го дадов заедно со моите колеги со постапката што ја презедовме.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM