1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Гиевска за ДВ: Подобро е што се откажа пописот!

Гиевска за Дојче Веле потврди дека клучно за прекин на пописот биле разликите околу методологијата за негово изведување

default

Подобро е што Македонија го прекина пописот затоа што за нејзината иднина е подобро да нема податоци отколку да има искривена слика за бројот на населението и стопанствата во земјата, кои понатаму можат да дадат погрешен правец на развојот, оцени претседателката во оставка на Државната пописна комисија Слободанка Гиевска во разговор за Дојче Веле.

Според неа, комисијата со фактот дека колективно си замина го покажа својот став за одговорноста во овој за неа статистички процес, додека за политичката и моралната одговорност на другите не сакаше да зборува.

Според Гиевска, разликите во толкувањето на методологијата за изведување на пописот се клучни тој да биде прекинат и таа верува дека во наредниот период до следниот попис политичките фактори мора да најдат решение за овие разлики.

Гиевска не е во можност да каже колку пари до моментот на прекинот беа потрошени во процесот, иако согласно законот за оваа операција беа предвидени 14 милиони евра.

Македонската Влада денеска заседава на оваа тема. Проблемите околу пописот се појавија уште пред неговиот почеток, откако претставниците на албанската етничка заедница инсистираа да се попишуваат и лица кои престојуваат надвор од Македонија повеќе од 12 месеци, што беше во спротивност со препораките на европската агенција Евростат.

Повеќе детали од разговорот со Слободанка Гиевска ќе можете да прочитате утре.

Автор: Сашко Димески

Редактор: Борис Георгиевски