1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Гибралтар доби преодно членство во УЕФА

Дали малата британска колонија на крајниот југ на Иберискиот полуостров, ќе стана 54. полноправна членка на Европскиот фудбалски сојуз ќе биде одлучено на конгресот на УЕФА во мај 2013 година.

default

Одлуката за давање на преодно членство на Гибралтар беше донесена за време на состанокот на извршниот одбор на УЕФА, одржан вчера во рускиот град Санкт Петербург.

Притоа е појаснето дека на Гибралтар, кој има само 28.000 жители, му е доделено привремено членство во европската фудбалска организација, а конечната одлука дали ќе добие и постојано членство треба да биде донесена на конгресот на УЕФА што ќе се одржи во Лондон во мај наредната година.

Иако со мировниот договор потпишан во Утрехт во 1713 година Гибралтар и е доделен на Велика Британија, Шпанија го смета за своја територија. Сепак, Шпанците најавија дека нема да го блокираат барањето на Гибралтар за полноправно членство во УЕФА.