1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гејтс: Европа е загрозена од тероризам

На конференцијата за безбедност во Минхен, која продолжи денеска, американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс се пожали дека недоволната европска поддршка ја загрозува антитерористичката борба во Авганистан

default

Американскиот и германскиот министер за одбрана Роберт Гејтс и Франц Јозеф Јунг во Минхен

Заканата од исламистичките екстремисти подготвени на насилство е реална, таа не исчезнува. Владите во Европа мора да направат повеќе за да им го објаснат тоа на своите граѓани, зашто поддршката од европската јавност е слаба, се пожали Гејтс. Тој повторно предупреди од расцеп во НАТО поради поделбата на товарот во Авганистан. Без да ја именува Германија, Гејтс изјави дека некои сојузници не можат да уживаат луксуз да се одлучат за цивилни и мисии за стабилизирање на Авганистан,а другите да бидат принудени да го носат поголемиот дел од товарот и да трпат жртви. Американскиот министер за одбрана претходно побара од Германија да испрати дополнителен број војници и тоа и во немирниот јужен дел од Авганистан, што германската влада засега одлучно го одбива. Германскиот министер Франц Јозеф Јунг: "Јас имам јасен мандат од германскиот Бундестаг. Тој гласи: највисока граница од 3500 војници, тежиште на нивниот ангажман- во северен Авганистан." Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер ја ублажи делумно критиката, истакнувајќи дека поголем ангажман не се бара само од Германија, туку и од другите сојузници: "Малку е нефер да се покажува со прст само на Германија. Таа води едниница за брзи интервенции, која во итни случаи може да биде ангажирана и надвор од северен Авганистан, а Германците ги ангажираа и Торнадо авионите, кои ја надгледуваат целата територија на Авганистан."

►◄