1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Гест на поддршка

Коментар на Даниел Шешкевиц

Буш и Малики во целосна среќа!

Буш и Малики во целосна среќа!

Беше тоа спектакуларна посета: ненајавена. Дури и премиерот Малики дозна за неа пет минути пред неговата среќа. Блиц-посетата на Буш на Багдад беше гест кој треба да пренесе готовност за поддршка и континуитет и тоа во момент кога во САД расте сомнежот во ангажманот во Ирак. Претседателот Буш не може повторно да биде избран, а сепак треба да го згарижуваат лошите вредности во анкетите. На неговата републиканска партија на меѓу-изборите во ноември и се заканува да го загуби мнозинството во конгресот, па затоа е под притисок постепено да ги повлекува војниците од Ирак. Досега Буш му се опираше на тој притисок и сака решението да и го препушти на армијата која пак одамна започна со планирање на повлекувањето. Главниот командант, генерал Кејси за време на викендот изјави дека не гледа голем проблем во тоа во наредните месеци американските трупи да се намалат за 30 илјади војници. Ирачкиот советник за безбедност го надмина Кејси прогонизарјќи дека веќе во 2008 скоро и да нема да има старнски војници во Ирак

Од каде овој оптимизам? Се сака во Ирак да се искористи погодноста на моментот. Завршувањето на процесот на фомирање влада во Багдад која за првпат може да тврди дека го застапува широкото мнозинство на народот, нуди повод за надеж, подеднакво како и смртта на Заркави. Се разбира, неговиот наследник ќе се обиде и натаму да ја тероризира земјата, меѓутоа ликвидацијата на Заркави е важен психолошки успех. Тој успех на ирачките сили за безбедност им покажува дека можат да ја играат главната улога во битката против тероризмот. Меѓутоа, ликвидацијата на Заркави го покажа и тоа дека и присуството на американските трупи, пред се на специјалните единици, ќе биде потребно и во наредните години. Оној што сугерира дека Ирак веќе за година ипол може да застане врз сопствени нозе, ги превидува вистинските состојби. Убиствените милиции, експлозиите, грабнувањата и масовната невработеност и натаму ја одбележуваат тамошната ситуација, а се уште е далеку и помирувањето на различните народносни групи.

Тоа што американскиот претседател Буш сега ветува дополнителна поддршка е само испрвано, но ефтино. Предолго САД играа на погрешна карта и направија премногу грешки. Сама не може ниту владата на Малики. Меѓутоа, американската помош се повеќе ќе биде помош за самопомош, а ќе мораат да учествуваат и ирачките соседи. Посетата на Буш и конференцијата од Кемп Дејвид треба да му сигнализираат на Ирак дека мора да ја искористи понудената шанса. Би можела да биде најдобрата и засега последната.

Даниел Шешкевиц