1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Герт Вајскирхен: Македонија сега може побрзо да зачекори на патот кон Европа!

За значењето на пробивот на полето на децентрализацијата во Македонија, експертот за надворешно политички прашања на владеачката Социјалдемократска партија, Герд Вајскрихен,за нашата програма оцени:

Германскиот Бундестаг

Германскиот Бундестаг

“На Македонија сега и се отвора патот за вистинските промени, откако е отстранет и последниот конфликт. Сега Македонија може побрзо да зачекори на нејзиниот пат кон ЕУ.“

Што се однесува до меѓусебната недоверба на двете најголеми етнички групи во Македонија, што и овој пат дојде до израз и особено што сер однесува до изјавата на поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски, дека компромисното решение за општинската поделба ќе предизвика нов бран македонски иселеници од општините со доминатно албанско население, Вајскирхен вели:

“Се надевам дека тоа нема да биде така, бидејќи Охридскиот процес покажа севкупно дека различните етнички групи имаат можност да ги реализираат нивните претстави и желби за заедничката држава во новиот модел на Македонија. Секако дека има уште проблеми, но ако се фрли поглед во минатото пред почетокот на Охридскиот процес, перспективите на Македонија изгледаа многу, многу темни. А откако сите се обврзаа реформите од Охридскиот договор да ги спроведат заеднички, темната перспектива за Македонија значително се расветли и таа се наоѓа на добар пат.“

Вајскирхен ја нагласува и натаму потребата од подобрување на меѓуетничките односи и изразува надеж дека времето што преостанува до локалните избори ќе биде искористено за натамошна изградба на довербата, така што изборната кампања нема да може да биде злоупотребена од демагози.

Се на се, експертот за надворешно политички прашања на владеачката СПД и нејзин пратеник во парламентот, Герт Вајскирхен, перспективите на Македонија ги оценува на следниот начин:

“Чекорите кон меѓународната заедница напредуваат. Така на пример, Македонија од април е членка на Светската трговска организација, процесите на асоцијација со ЕУ се одвиваат позитивно. Она што останува како заеднички проблем, што мора да бидат решен, е социјалната ситуација во земјата. На пример невработеноста е преголема. Она што ЕУ може да го стори за да помогне за зачувување на работните места и за создавање нови, тоа таа и ќе го стори за Македонија да добие шанса подоцна да стане членка на Унијата. Искуствата на сите земји од регионот кои го минаа или го минуваат тој пат, како Словенија или Хрватска, покажуваат дека оние кои го оставиле зад себе тешкото минато, тие имаат шанса да доживеат добра иднина!“