1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германци во трката за „Златниот лав“

Денеска во Венеција завршува 66 Меѓународен филмски фестивал. Меѓу 25-те филмови во конкуренција за главните награди на годинешната Мостра, има три филма на германски режисери- Вернер Херцог и Фатих Акин.

default

„Златниот лав“

Со 67 години Вернер Херцог се наоѓа во фокусот на еден сосема посебен омаж. Неговиот американски филм „Лошиот поручник“ беше познат подолго време. Но, одеднаш како филм-изненадување се појави „Сине, сине што направи“.

Херцог и го сврте грбот на германската кинематографија

Akin und Herzog im Wettbewerb von Venedig

Фатих Акин и Вернер Херцог

Два филма на еден од најважните филмски фестивали во светот, кои практично, си конкурираат еден на друг во битката за главната награда „Златниот лав“ - тоа досега се нема случено. Соодветно опуштено изгледаше Херцог на подиумот за време на прес-конференцијата. Тој важи за митска личност во германската кинематографија, на која меѓутоа целосно и` го сврте грбот. Два филма во американски систем, а згора на тоа и нивно очигледно високо вреднување на фестивалот во Венеција. Што да се посака повеќе?

Херцог на прес-конференцијата говореше само на англиски јазик и, пред се`, ги фалеше неговите актери Николас Кејџ и Ева Мендес: „Од актерите побарав да одат до нивните граници и двајцата, Ева Мендес и Николас Кејџ немаа страв од тоа. Има една сцена во која овој полицаец им се закнува на две постари жени со оружје. За тоа имаше и една безопасна верзија без оружје. Но тогаш си помисливме, ајде да ја направи сцената побрутална, поинтензивна и да ја снимиме со оружје за да може овој полицаец да разбесни.“

Фатих Акин се претставува со филм за родниот Хамбург

Film Festival Venedig 2009 - Jurymitglieder

Членовите на жирито денеска треба да ја соопштат својата одлука

Полицискиот филм на Херцог „Лошиот поручник“ со извонредно добро расположениот самоироничен Николас Кејџ не изгледа како типичен германски филм, ама затоа е грандиозно опуштен и е еден од подобрите остварувања прикажани на фестивалот.

Во главната конкуренција на годинешната Мостра ќе биде вреднуван и новиот филм на Фатих Акин, германскиот режисер од турско потекло роден во Хамбург. По освоените „Златни мечки“ на филмскиот фестивал во Берлин и неколку различни специјални настапи во Кан, сега на ред е и Венеција. Акин го претставува филмот „Соул Кичен“, приказна за неколку другари, кои сакаат да го спасат од затворање нивното кафуле во Хамбург. Филм за родниот град од посебен вид. Со овие зборови Фатих Акин го коментира неговиот последен проект кој би можел да биде „шлаг на тортата“ на силното германско присуство на германските филмаџии на фестивалот во Венеција.

Автор: Јозеф Шнеле/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска