1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германците убедливи против Еквадор

Фудбалската репрезентација на Германија покажа убедлива игра на пријателскиот натпревар против Еквадор, и покрај тоа што недостасуваа голем број стандардни играчи. Англија и Ирска одиграа реми.

Фудбалската репрезентација на Германија, во пријателски натпревар одигран во Бока Ратон на Флорида, го совлада Еквадор со 4:2, додека Англија и Ирска, во Лондон, одиграа 1:1.

Германија, во чиј состав немаше фудбалери на Бајерн, Борусија и Реал, за само 24 минути го демолира Еквадор, репрезентација која со голема веројатност ќе игра на Светското првенство идната година.

По два гола за Германија во првите 24 минути постигнаа Лукас Подолски и Ларс Бендер. Воедно голот на Подолски, по само девет секунди од почетокот на натпреварот, е најбрзиот гол во историјата на германската репрезентација. Честа на Еквадор ја спасија Валенсија и Ајови.

На Вембли, во чест на јубилејот - 150 години од основањето на Фудбалската асоцијација на Англија, домашната репрезентација и Ирска ремизираа со резултат 1:1.

Шејн Лонг и‘ донесе предност на Ирска по 13 минути, додека конечниот резултат го постави Франк Лампард во 23 минута од натпреварот.