Германците се се‘ побогати | Економија | DW | 30.07.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германците се се‘ побогати

Паричниот имот во Германија достигнува постојано нови рекордни вредности, истовремено Германците вредно ги отплатуваат своите долгови. Економски најсилен град во земјата е Волфсбург.

Она што не и‘ успева на Германија како држава, им успева на граѓаните како приватни лица - тие ги отплатуваат своите долгови. Посебно висока стапка на отплата бележат потрошувачките кредити во првиот квартал од оваа година, соопшти вчера (29.07.) претставник на Бундесбанката во Франкфурт. Германските граѓани отплатиле кредити во вредност од речиси 4 милијарди евра, што при историски ниските камати е нешто изненадувачко, велат банкарите. Паричниот имот на Германците во првиот квартал од годинава се зголемил на нов рекорд - 4.992 милијарди евра. Во него спаѓаат пари во готовина, вредносни хартии, банкарски заштеди и акции, а не се вклучени недвижностите, автомобилите и уметничките дела.

Паричниот имот на Германците расте во континуитет со децении, со исклучок на одредени периоди, на пример, во третиот квартал на 2011 година поради турбуленциите на берзите. Во 1993 година паричниот имот на Германците изнесуваше околу две илјади милијарди евра, во 2003 се зголеми на 3,6, а денес е околу пет илјади милијарди евра.

Волфсбург „лежи на пари“

Институтот на германската економија од Келн изврши споредување на брутодомашниот производ по глава на жител во градовите, при што дојде до изненадувачки податок - економски најјак град во Германија, во кој луѓето имаат најмногу пари на располагање, е Волфсбург. Таму отпаѓаат околу 92.600 евра по глава на жител од брутодомашниот производ. Во банкарската метропола Франкфурт на Мајна, втор град на листата, по глава на жител доаѓаат околу 82.700 евра.

Меѓу десетте први не успеа да влезе ниеден од германските големи градови: Берлин, Хамбург, Минхен и Келн.