1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германците примаат се‘ помали плати

Германската економија по кризата расте рекордно сомнително во однос на другите европски држави. Но, земјата е рекордер и во друга област. Платите во други европски земји се зголемуваат, а во Германија реално се намалени.

default

Постојано намалување на реалната заработувачка

Додека платите во поголемиот дел европски земји последниве десетина години растат во просек за една четвртина, во Германија реалната заработувачка опаѓа. Ова го покажуваат најновите податоци на ИЛО, меѓународната организација за труд.

Успешни модели за пребродување на економската криза

Германија е европската конјуктурна локомотива за излез од економската и финансиската криза. Токму поради флексибилниот пазар на работна сила земјата за многу други е урнек за успешно справување со екомонската криза. На пример: скратеното работење, модел при кој фирмите не ги отпуштија своите вработени, туку ги префрлија на скратена работа. Таа значи: вработените привремено не работат, но не добиваат отказ. Нивната плата делумно ја плаќа Агенцијата за вработување, делумно фирмата.

Rückgang des BIP Arbeiter in Deutschland

На ваков начин бројката невработени за време на кризата остана во граници. ИЛО го пофали овој модел: „преку интелигентни инструменти на пазарот на труд и добар дијалог меѓу социјалните партнери“ нивото на вработеност остана стабилно, а платите забележаа само лесен пад. Скратената работа се покажа како добра инвестиција која ги спречи отпуштањата од работа и значеше поддршка за внатрешната побарувачка.

Фирмите профитираат на сметка на вработените

Флексибилен пазар на труд меѓутоа значи и друго-бројот на луѓе кои имаат траен работен однос со платени социјални давачки последниве години, дури и пред кризата, опаѓа. Се‘ повеќе луѓе работат на скратено работно време и заработуваат толку малку, што не можат да живеат од својот труд. Расте и бројот на работни места на ограничено време и цвета „позајмувањето работници“ преку трети посреднички фирми, преку што се намалува сатнината. Овие форми на вработување и умерените тарифни договори, според ИЛО, водат до намалување на платите во Германија и тоа цела деценија наназад. Германските фирми стануваат конкурентни, приватната побарувачка останува нестимулирана, а растот на платите не се ориентира од развојот на продуктивноста.

Bau an Elbphilharmonie Hamburg NO FLASH

ИЛО констатира дека платите не се врзуваат веќе со растот на продуктивноста ниту во други земји, како Јужна Кореја, САД и Јапонија. Така профитите на претпријатијата растат, додека платите на вработените се намалуваат. ИЛО бара заедно со продуктивноста на растат и заработувачките, а да се најдат начини за запирање на трендот кон се‘ помалку платени работни ангажирања.

Барањата се присутни и во Германија. Синдикатите во повеќе области почнуваат да притискаат. Во јавните дејности се бара зголемување на платите за три проценти, во Телеком седумипол, а за вработените во хемиската бранша околу шест проценти.

Автор: Инса Вреде/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска