1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германците побогати од кога било досега

Германците во оваа година биле богати како никогаш досега, вели проценката на концернот за осигурување Алианц. Вкупното приватно богатство во светски рамки е на ниво како пред финансиската криза.

default

Богатството во приватни раце во светот бележи пораст, така е и во Германија. Во 2010 година приватното богатство во светски рамки пораснало за 6,2 проценти, на вкупно 95,3 илјади милијарди евра и со тоа го надминало нивото од пред кризата во 2007 година. Притоа, инфлацијата не е земена предвид. Последиците на должничката криза меѓутоа краткорочно во првата половина од годинава го анулирале зголемувањето, истакна економистот Михаел Хајзе во Франкфурт при претставувањето на „Глобалниот извештај“ за богатството изработен од осигурителниот концерн Алианц. Концернот загубите поради кризата со долгови летово ги проценува на до 3 илјади милијарди евра. Германија, со бруто богатството од 60 илјади евра по глава на жител, во 2010 година се наоѓа на 17. место во светски рамки. Во проценките меѓутоа не е земен предвид имотот во недвижности, ниту во Германија натпросечните високи пензиски примања.

Geld Bank Tresor Symbolbild

Швајцарците со најполни џебови

На табелата водат и натаму Швајцарците со 207 илјади евра по глава на жител, кои на позицијата беа катапултурани од силната национална валута-франкот. Потоа следат САД, па Јапонците, а од Европејците во горниот дел на листата најбогати се Данците со 105 илјади евра по жител.

Пред Германците се и земји кои имаат проблеми со долгови, како Ирска и Италија, се вели во студијата. Приватниот имот во овие земји на тамошните влади и‘ нуди дополнителни можности да напреднат со намалувањето на долговите со сопствени сили. Предвид, на пример, доаѓаат краткорочни даноци на имот, истакнува економистот Хајзе. Германија, според него, е на добар пат во консолидацијата на буџетот и не мора да посегнува по вакви мерки.

Претпазливите германски штедачи во кризата станаа светски пример. Но, трендот на вложување пари во банките и во државни обврзници е проблематичен на долги патеки како начин на оплодување на парите поради ниските камати, констатира студијата на Алианц.

Автор: ЖА/ ЕМФ/ дпа

Редактор: Александра Трајковска