1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германците пијат се’ помалку пиво

Пласманот на пиво во Германија во 2012 година го достигна најниското ниво по обединувањето на земјата. Со ова продолжува долгогодишниот тренд на намалена продажба на пиво.

Германците пијат се’ помалку домашно пиво. Германските пиварници во изминатата година во земјата пласирале 81,0 милиони хектолитри пиво, соопшти денеска Заводот за статистика во Визбаден. Ова е меѓутоа за 2,1 процент помалку отколку во 2011 година. Заводот за статистика се’ уште нема објавено подадоци за конзумот по глава на жител, бидејќи за тоа недостасуваат бројките за количините увезено пиво.

Статистичарите пресметаа дека пиварниците со седиште во Германија во 2012 година пласирале рекорно ниски количини пиво, какво што не е забележано по обединувањето на земјата. Тие во изминатата година продадоа вкупно 96,5 милиони хектолитри пиво - 1,8 проценти помалку отколку во 2011 година. Од нив 15,3 милиони хектолитри се испорачани во странство и 0,2 милиони хектолитри биле бесплатени за вработените во пиварниците. Според количината, вработените добиле 4,3 проценти помалку пиво за домашна употреба отколку претходната година.

Најмногу пиво во измината година беше пласирано во покраините Северна Рајна Вестфалија и во Баварија. Повеќе од една четвртина од домашната продажба (26 проценти) беше постигната во Северна Рајна Вестфалија, додека една петина (22 проценти) беа продадени во Баварија.

Во изминатите години континурано се забележува тренд на опаѓање на продажбата на пивото. Последниот мини плус при продажбата пиварниците го забележаа во 2006 година. Тогаш продадоа речиси 107 милиони хектолитри пиво. Според податоците на Заводот дистрибуцијата на пиво од 2007 година континуирано опаѓа. Во 2009 година последен пат беше достигната границата од 100 милиони хектолитри пиво.