1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германците не сакаат да штедат

Германците во 2013 година штедат најмалку во последните 12 години. Се штеди малку, затоа што се зголемува сигурноста за работа, а ниски се и каматите на заштедите.

Поради сигурните работни места и ниските каматни стапки, Германците не се расположени да штедат.Стапката на штедење во третиот квартал од годинава паднал на 8,5%. Во изминатите години, граѓаните штедеа над 10% од своите примања.

„Главна причина за ова е развојот на пазарот на работна сила. Со оглед на рекордната вработеност, расте и сигурноста дека ќе се има работа, поради што не се штеди“, објаснува главниот економ на банката УниКредит, Андреас Рес. Освен тоа, дел од причините се и ниските камати, во просек од 1 процент, поради што штедењето не е атрактивно, додава главниот економ на Постбанк, Марко Баргел.

И Друштвото за истражување на потрошувачката (ГфК), по едно спроведено истражување, оценува дека германските граѓани во моментов не сакаат да штедат: „За потрошувачите не е многу атрактивно да ги чуваат парите со класични форми на штедење“, вели експертот на ГфК Ролф Биркл. „Наместо тоа, се‘ повеќе граѓани во време на ниски камати, купуваат„, додава тој. Во моментов секое трето домаќинство има некаков кредит за поголеми работи, како автомобил, кујни, или телевизори.

Економските експерти претпоставуваат дека приватната потрошувачка во 2014 година ќе се зголеми за уште 1,4%.