1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германците „навлечени“ на фитнес- центри

Се’ повеќе Германци тренираат „боди билдинг“. Меѓутоа тренингот за многумина стана култ која нема само предности, туку крие и опасности и замки, кои не се само здравствени, туку и финансиски

Германија е зафатена од хистерија на совршено тело, пишува весникот Ди Велт.

„Вежбањето во фитнес клуб стана попопуларно од фудбалот. Сите сакаат да имаат перфектна фигура, да бидат истренирани и мускулести. Повеќе од 7,6 милиони Германци редовно вежбаат, и бројката се зголемува. За тоа е најзаслужна мултимедијалната се‘присутност на идеалните тела. Експертите веќе говорат за промена на свеста.

Лекарите и научниците начелно го поздравуваат трендот, бидејќи движењето и вежбањето на мускулите делува превентивно, а луѓето ги прави посреќни, како што досега покажаа многу студии“.

„Сепак, тоа е само додека не се претера со вежбањето. Многу посетители на фитнес- клубовите тврдат дека вежбањето има потенцијал да создаде зависност.

Во последно време и се‘ повеќе научници тврдат дека лесниот тренинг- редовно, но без поголема дисциплина, носи повеќе отколку дигањето тегови или трчањето до потполна исцрпеност. Големите напори можат да бидат и опасни, а на такво нешто неодамна предупреди и германскиот министер за здравство Даниел Бар“, пишува Ди Велт.

Претераното, па и нормалното вежбање може да претставува и понаков вид на замка, како што предупредува порталот „Дер Вестен“. Голем број клубови бараат месечна членарина, со многу долго минимално траење на договорот и со неповолни услови за негово откажување или пак автоматско продолжување на договорите. Минатата година централата за заштита на потрошувачите на Северна Рајна Вестфалија опомена 20 фирми поради недозволени клаузули во договорите. Се работи за т.н. ситно отпечатени клаузули кои наизглед делуваат небитни, но всушност ги содржат најнеповолни одредници за клиентите.