1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германците и љубените пари

Германците се‘ уште преферираат своите заштеди да ги чуваат на штедни книшки.Тие сакаат во секое време да се ликвидни. Во овие времиња на криза, една студија покажа дека тие засилено инвестираат во сопствени недвижности.

Додека граѓаните на Грција, Шпанија, Италија или пак  во Португалија страдаат под товарот на долговите и на условите на сурово штедење, на повеќето Германци финансиски им оди добро. Тоа го покажува „Барометарот на богатство 2012“ кој го спроведe Асоцијата на германски штедилници (ДСГВ).
Голем дел од германските граѓани денес се во подобра позиција отколку пред кризата, вели Георг Фареншон, претседател на здружението: „ 57% од Германците својата финансиска состојба ја оценуваат како многу добра или добра. Ова е апсолутен рекорд.  Во 2005 година бројката беше 40%, и од тогаш наваму постепено се качува нагоре. Четири од пет испитаници очекуваат дека нивната финансиска состојба ќе остане иста или дури  ќе се подобри“.
Ова не е само поради зголемувањето на расположивиот приход на домаќинствата во просек од 2,8% во првата половина на 2012. Имено Германците годишно вкупно заработуваат околу 1,6 милијарди евра, што е околу 1.900 евра по жител.

Омилената штедна книшка

Германците се познати по тоа дека внимателно ја планираат пензијата и притоа полагаат голема вредност на сигурноста. Затоа во истражувањето се покажа дека хартиите од вредност кај нив имаат мали шанси. Акциите според репрезентативната анкета на ДСГБ  се наоѓаат во средината на листата на најчести инвестиции и влогови, додека фондовите за недвижности и државно  субвенционираните пензиски фондови се на самото дно.
И така дури ни екстремно намалените каматните стапки, не  ги натераа да им кажат збогум на омилените штедни книшки. „Вистински победник е старата добра штедна книшка“, забележува  Георг Фареншон, „Таа е убедливо на првото место кога станува збор за пласирањето на заштедите и бележи најголем раст од  дури 9% во споредба со 2011. Причината за тоа е стравот од ризици и желбата секогаш да се има на располагање ликвидни средства“.
Во просек Германците штедат 10 насто од нивните приходи.  Повисока стапка на штедење се забележува  кај Французите- 12,1%. Стапка на штедење повисока од 10%  се бележи и кај Белгијците и Словенците. Во Данска, Латвија, Литванија и Грција домаќинствата се задолжуваат за финансирање на тековната потрошувачка.

Барани недвижности

Околу 80% од Германците месечно штедат фиксен износ. Притоа особено важна улога игра  пензиското осигуравање . 67 проценти од Германците секој месец  издвојуваат финансиски средства  за стари години. Многумина бараа сигурност и ја најдоа во сопствените недвижен имот, кажува претседателот на ДСГВ.


Побарувачката на невижности во моментов е на највисоко ниво: „Кај недвижностите кои се користат за сопствени цели  забележливо е дека, како и во минатите години, се секогаш во преден план.“ Од 2011 до 2012 , меѓутоа имаше уште еден скок  од 7%“, вели Фареншон.
При сиот  оптимизам и подобрената ситуација, според претседателот на ДСГВ не треба да се превиди, дека 12% од населението економски воопшто не е во состојба финансиски  да си ја осигурува иднината. Тоа се 2 насто повеќе граѓани отколку во претходната година.

Во 1925 година првиот Светски ден на штедењето

На првиот меѓународен конгрес на штедилниците во 1924 година во Милано беше роден Светскиот ден на штедењето. Стануваше збор за тоа да се оддржува свеста за значењето на штедењето во светот. Првиот Светски ден на штедењето европските штедилници го одбележаа на 31 октомври 1925 година. Во Германија тој меѓутоа се одбележува еден ден порано, бидејќи во некои покраини Денот на реформацијата 31 октомври  се слави како државен празник.