Германците изработеле 60 милијарди часови | Економија | DW | 13.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германците изработеле 60 милијарди часови

Околу 60 милијарди работни часови оствариле вработените во Германија во изминатата година. Тоа е највисока состојба по 1991 година, соопшти Институтот за пазарот на труд и истражување на вработувањето (ИАБ).

Причина за волку високиот волумен на работа е рекордниот број на вработени лица во Германија. Во 2017 година, имено тој порасна за 1,5 проценти на вкупно 44,3 милиони. Според пресметките на ИАБ, бројот на работни часови во 2017 година пораснал за 1,1 насто во однос на претходната 2016 година.

Повеќе:

-Рекордна вработеност во Германија

-Голем недостиг на работна сила во Германија

-Колку заработуваат Германките, а колку Ангела Меркел?

Вработените со полно работно време, според ИАБ работеле просечно 1643 часови додека вработените со скратено работно време 714 часови. Просечното договорено неделно работно време на вработените со полно работно време изнесува 38 часови додека за оние со скратено работно време 16,5 часови.

Во просек сите вработени Германци оствариле 19,7 часови платена прекувремена работа, што е 12 минути помалку од претходната 2016 година. Неплатената прекувремена работа, според ИАБ, изнесувала 23,1 час во просек по вработено лице, што е 60 минути помалку отколку во 2016 година. Состојбата со боледувањата била стабилна.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

DW.COM