1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германците задоволни, конкурентите оптимисти

Среќата наклонета на Германците и при извлекувањето на групите за финалниот турнир на Европското фудбалско првенство, што ќе се одржи од 7-ми до 29-ти јуни наредната година во Австрија и Швајцарија.

default

Германија има добри шанси на Еуро 08, смета сојузниот тренер Јоахим Лев

Германците ги добија за противници селекциите на Полска, Хрвтаска и домаќинот Австрија. Тоа е секако полесна задача, отколку на пример, на екипите од групата во која се Италија, Франција, Холандија и Романија, нагласи и менаџерот на германската репрезентација Оливер Бирхоф. „Сите екипи од групата заслужија да учествуваат на првенството. Не може да се процени колку тешко ќе биде и против домаќинот Австрија - тие ќе играат во Виена, ќе ја имаат подршката од публиката. Но, пред се’ ако се погледа Це-групата, ние можеме да бидеме задоволни од извлекувањето“- рече Оливер Бирхоф. Слична е и оцената на сојузниот тренер на германската репрезентација Јоахим Лев: „Мислам дека Хрватска и Пoлска се многу силни, секако не треба да се потцени ни Австрија како домаќин со подршка од целата нација. Но, севкупно ние имаме добри шанси да влеземе во вториот круг на првенството“. Но, и конкурентите негуваат оптимизам. Тренерот на полската репрезентација, Холанѓанецот Лео Бенхакер рече: „Минатата година започнав со Полска и сметам дека наптреварите што ги одигравме во квалификациите и резултатите што ги постигнавме барем ни дават за право со многу самодоверба да одиме на Европското првенство“. Хрватскиот национален тренер Славен Билиќ е малку повоздржан: Го гледав натпреварот против Велс во Кардиф - Германија беше вистински сила, но не и против Чешка во Германија. Ќе видиме. Потребна е и малку среќа, но неа мораш да ја заслужиш. Германија е секогаш Германија“. Австријците се надеваат дека ќе доживеат своја летна бајка, како Германија на светското првенство 2006-та, вели нивниот сојузен тренер Јозеф Хикерсбергер: „Ако екипата ја зафати еуфорија, ние се надеваме на нешто слично и за Австрија“. Хикерсбергер сепак нагласи: „Германија сосем јасно е фаворит во оваа група“. З. Јордановски

►◄