1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германците втори во „олимписката жетва“

Ноќеска со спектакуларна свеченост беа затворени 21. Зимски олимписки игри. Во пласманот на нациите првото место им припадна на домаќините.

default

Канадските хокејари со злато ги затворија 21. Зимски олимписки игри во Ванкувер

Пред 60.000 гледачи во големиот стадион во Ванкувер претседателот на Меѓународниот олимпсики комитет Жак Рог и официјално ги прогласи Игрите за завршени. Во исто време тој ги повика младите од целиот свет повторно да се соберат за четири години во руското одморалиште Сочи.

Последниот златен медал на Олимпијадата го освои домаќинот Канада во финалето на хокејарскиот турнир. Во многу интересен меч Канаѓаните ја одбранија честа пред домашната публика и го совладаа тимот на големиот сосед, САД. Канада го однесе првото место и во вкупниот пласман на нациите. На второ место е германската селекција, а на третото САД.

Позитивен биланс за германските спортисти

Заменик претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, извлече многу позитивен биланс за германските натпреварувачи, иако не успеаја да ја остварат зацртаната цел: повторно да освојат најмногу медали во пласманот на нациите.

FLASH-Galerie zweite Goldmedaille für Maria Riesch

Се враќа со два златни медала во куферот: германската скијачка, Марија Риш

„Да, може да бидеме многу задоволни од Игрите во Ванкувер, но и со сјајните постигнувања на нашата репрезентација. Навистина можеме да бидеме многу горди!“

Причини за гордост има навистина доволно: германските натпреварувачи се закитија со 10 златни, 13 сребрени и седум бронзени медали, при што мора да се истакне дека овој пат натпреварувачките дадоа поголем придонес во вкупниот биланс. Така Магдалена Нојнер во бијатлон однесе дури два златни и еден сребрен медал. Близу до неа беа и скијачките Викторија Ребенсберг која неочкувано се закити со злато, како и фаворитката Марија Риш, која успеа дури двапати да се искачи на највисокиот пиедестал: „Ова е неверојатно. Успеав да постигнам нешто што пред мене им пошло од рака само на две други алписки скијачки од Германија. За мене е голема чест што можам да застанам во истиот ред со Катја Зајцингер и Рози Митермајер. Многу сум горда што тоа ми појде од рака,“ порача Марија Риш.

Автор: Арнулф Бечер/Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска