1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германците во потрошувачка треска

Германците годинава трошат најмногу пари во последните шест години. Тие имаат доверба во економското опоравување на земјата. Експертите го потврдуваат тоа: Во 2014 БДП треба да се покачи за два процента.

Точно во пред божикниот период Германците ги зафати купувачка треска каква што немало веќе шест години. Интексот за климата на потрошувачката, кој секој месец го проценува Институтот за истражување на пазарот ГфК, во декември се очекува да порасне за 7,4 точки.

Ова според Институтот за истражување на пазарот е највисоката вредност во последните шест години. Изгледите за брзо заживување на германската конјунктура и намалувањето на основната каматна стапка од ЕЦБ ќе предизвикаат граѓаните да потрошат повеќе пари.

„Очигледно за потрочувачите алтернативата за конзумот, штедењето е помалку атрактивна“, проценува Институтот.

Книги, облека, мобилни телефони: Во просек Германците оваа година ќе потрошат 288 евра за божикните подароци, проценува Институтот за истражување на пазарот. Зголемениот број на вработени, покачувања на платите и ниските камати ја зголемуваат желбата за купување. Германците ја проценија својата финансиска положба толку добро како последен пат во март 2001 година. „Потрошувачите очигледно сметаат дека моменталниот умерен нагорен тренд на германското стопанство во наредните месеци ќе биде во полет“, смета Институтот.

Ваквата проценка ја споделуваат и експертите од Кредитниот инстиутот за повторна обнова (КфВ), кои за оваа година прогнозираат пораст на Брутодомашниот производ за 0,6 проценти, во наредната година БДП би требало да се покачи за два процента. Причина за ваквата прогноза е очекувањето, порастот во земјите во подем како Кина да остане на високо ниво и Европа да ја надмине рецесијата. Ова би значело ветер во грб за германскиот извоз и продукцијата би повлекла. Ова ќе доведе и до повеќе инвестиции: За првпат по три години во Германија би требало да има поголеми инвестииции, порценува Кредитниот инстиутот за повторна обнова.