Германско-шпански пресметки во Лига Европа | Теми | DW | 16.03.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германско-шпански пресметки во Лига Европа

Ждребката во Нион сакаше Шалке 04 да игра против Атлетик Билбао, а Хановер против Атлетико Мадрид за пласман во полуфиналето на Лига Европа.

Германските претставници во Лига Европа добија тешки противници од Шпанија во четвртфиналето на ова фудбалско натпреварување, на денешната жребка во швајцарскиот град Нион. Екипата на Шалке 04 за пласман во полуфиналето ќе се бори против Атlетик Билбао. Тимот од Гелзенкирхен ќе мора да се прикаже во најдобро издание против полетниот тим на тренерот Марсело Биелса , кој во осминафиналето повеќе од убедливо го елиминираше големиот Манчестер Јунајтед.

Тимот на Хановер пак ќе игра двомеч со Атлетико Мадрид, тимот кој ја освои Лига Европа во 2010. година. Шалке првиот натпревар од четвртфиналниот двобој ќе го одигра на 29. март на домашната „Фелтинс арена“ додека Хановер ќе гостува на стадионот „Фелипе Калдерон“ во Мадрид. Реванш-натпреварите се играат во Билбао и во Хановер на 5. април.

Германските екипи можат да играат меѓусебно дури во финалето на 9. мај во Букурешт. Доколку го пројде исклучително тешкиот четвртфиналeн дуел екипата на Шалке во полуфиналето би играла со победникот од третата четвртфинална двојка Спортинг Лисабон - Металист Харков, а Хановер доколку биде поуспешен од Атлетико Мадрид би се соочил со победникот од последниот четвртфинален двомеч меѓу АЗ Алкмар и Валенсија.

Полуфиналињата се играат на 19. и на 26. април.

Автор:СН/БГ/сид/дпа

Редактор:Ж. Ацеска