1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германско стопанско чудо

Германскиот извоз во 2009 година забележа голем пад како последица од економската криза. Оваа година трендот е сосема поинаков: извозот доживува вистински бум!

default

Во германската надворешна трговија владее еуфорија, вели претседателот на Здружението за надворешна трговија и големопродажба, Антон Бернер. Растот од 16% во 2010 година ги надминува сите рекорди: „Причина за успехот се земјите во забрзан индустриски развој, како Кина, Индија, Бразил и регионот на Југоисточна Азија. Нивната побарувачка за инвестициски добра е навистина голема и доста стабилна, па очекуваме ваквиот тренд да се задржи и натаму.“

Извозот во земји надвор од Европската унија се зголеми за околу 25 отсто. Според Бернер, во првата половина на 2011 година надворешната трговија ќе биде динамична исто како и пред кризата, делумно благодарение и на конјунктурните програми за надминување на економската криза во многу земји низ светот: „Следната година имаме добри шанси, за првпат во историјата да оствариме извоз во вредност од еден билион евра, што за малку не ни успеа во 2008 година.“

„Германија е извозна локомотива на Европската унија“

Anton Börner, Präsident des BGA

Антон Бернер, претседател на Сојузното здружение за надворешна трговија и големопродажба

На критиките упатени од соседните земји според кои Германија и` штети на економијата на Европа со тоа што извезува премногу, а увезува сосем малку, Бернер има контра одговор: „Германија е извозна локомотива за партнерите од Европската унија. Извозот од ЕУ неодамна се зголеми значително повеќе отколу извозот од Германија. Мрежата на германски претпријатија во светот се клуч за доставувачите од соседните земји-членки на ЕУ кон останатите стопанства во забрзан развој. Без извозната моќ на Германија, европската конјунктура немаше така брзо да се опорави.“ Од друга страна, Бернер е согласен дека треба да се зајакне домашната побарувачка во Германија: „Потребно е да се стимулираат инвестиции, што ќе ги реализираат регионални претпријатија. Само така ќе постигнеме рамнотежа на овој план.“

Бернер предупреди и од недостатокот висококвалификуван кадар на пазарот на труд во Германија. „Потребни ни се доселеници во поголем број од сегашниот“, истакна Бернер. Според него, Германија не вложува доволно напори во трката за најголемите „мозоци“ во светот, што поради бирократски пречки, што поради културни разлики. Бернер порачува дека мора да се преземат итни мерки во однос на ова прашање; во спротивно, темпото на економски пораст на земјата ќе биде значително забавено.

Автор: Улрих Клаус / Далибор Стајиќ

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM

Поврзана содржина