1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германско признание за македонски офицер

Капетанот Виктор Костиќ денеска доби медал на германскиот Бундесвер за покажани способности и професионализам.

Армискиот капетан Виктор Костиќ е храбар,организиран и способен војник,чии квалитети ги забележавме во заедничката мисија на НАТО во Авганистан.По аплаузите и по поздравувањето од своите војници и старешини,потполковникот и воен аташе Хајне Хиндегерт објасни дека 10 до 15 војници од странски држави годишно добиваат ордени од германскиот Бундесвер.

Македонскиот капетан Виктор Костиќ ја предводеше 30 члената екипа на АРМ со добро обучени армиски „леопарди“ кои во Кабул во Авганистан беа под команда на Германци.

-Ова е по прв пат странски офицер да го добие овој медал за заслуга за работата и професионализмот во мисијата во ИСАФ,изјави капетанот Виктор Костиќ.Тој одлично зборува англиски,но поднаучил и германски од припадниците на Бундесверот во Авганистан.

-Одлично,со Германците имавме добра комуникација и соработка,работевме заедно со германските војници,рече професиналниот војник Игор Петрушевски,кој беше дел од македонскиот армиски вод што во Авганистан 2004 година го предводеше одликуваниот македонски капетан Виктор Костиќ.

Досега македонските мировници само од Ирак добиваа американски ордени,за првпат високо германско одличје добива македонски војник за учинокот во НАТО мисиите во Авганистан.

-Ова е посебно признание,не е рутинско доделување ордени на некои паради.Ова е за исклучителен ангажман,оцени Ралф Брет,германскиот амбасадор во Македонија.Македонските мировници учествуваат во мисите во Авганистан,Ирак и Босна.Досега во Кабул беа дванаесет чети на АРМ под команда на германските офицери.Последните деведесетина се под британски воен чадор.Неодамнешната одлука на кабинетот на премиерот Никола Груевски да се симнат т.н. национални ограничувања и макеоднските војници да можат да се испраќаат и во најкризните воени подрачја во светот,и донесе голем поен на Македонија во проближувањето кон НАТО членството.