1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германско-полски полициски тимови се борат со криминалци

Со полското приклучување кон Шенген зоната во 2007 година запреа контролите на границата во Франкфурт на Одра, на германска страна, и Слубице на полска страна. Сега се прави обид за застанување на патот на криминалците.

Полицaецот Јерг Милер се среќава со колегата од Полска, Ернест Качмарек. Тие заеднички се на служба на германско-полската граница во Франкфурт на Одра и во полскиот град Слубице. Двајцата патролираат од пред една година и се’ уште го вежбаат јазикот на другиот. А, што веќе знаат еден за друг?

Wochenrückblick KW 30/2011 Symbolbild osteuropäische Arbeitskräfte

По запирањето на граничните контроли се зголемија кражбите и пренесувањето возила кон источна европа

„Типично полски, на пример, е кога се започнува разговор или се преговара со полски граѓанин, да не влеташ веднаш со главната цел. Тоа значи дека не се преминува директно на целта, туку прво малку се муабети“, вели германскиот полицаец Јерг Милер.

„Германците секогаш се многу точни и сосем коректни при контролите. Кај нив се’ е сосем перфектно“, додава полскиот полицаец Ернест Качмарек.

Меѓу задачите на полицајците спаѓаат и контроли на возилата на двете страни од границата, бидејќи украдени возила секој ден се префрлуваат кон Источна Европа. Од укинувањето на граничните контроли во 2007-ма година кражбите на автомобили рапидно зачестија. За фаќање на сторителите има една „Специјална гранична комисија“ со 100 припадници, која тесно соработува со полските колеги, прави ненадејни инспекции и со тоа бележи успеси.

Hochwasser in Frankfurt Oder und Slubice Polen

Двата града ги дели реката Одра

Полицајците демонстрираат присуство и на пазарот во Слубице, што вклучува и муабет со продавачите. Овде понекогаш се случуваат помали деликти, како кражба на чанта, но денеска е мирно. Продавачот на риба Марек Шимански се радува што германско-полскиот тим често навраќа кај него.

„За мене ова е добро. Тогаш на улица нема толку многу бандити“, низ смеа вели продавачот на крапови.

Поради тоа продавачите на пазарот се надеваат дека германско-полскиот полициски тим уште почесто ќе навраќа.