1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германско - македонски економски односи

Во текот на германското претседавање со ЕУ не се очекува директно влијание на економските односи меѓу Македонија и Германија. Но политиката кон западен Балкан може да го одреди текот на инвестициите.

Скопје

Скопје

Приоритет за Германија во наредните шест месеци во економската сфера ќе биде енергетиката, изјави синоќа пред бизнис заедницата во Македонија, германскиот амбасадор Ралф Андреас Брет. Вчера доцна попладне дипломатот ја запозна македонско германската стопанска комора со програмата за германското претседавање со Европската унија. Не се очекува директно влијание врз меѓусебните економски односи меѓу Македонија и Германија. Македонските бизнисмени прашаа дали ќе има нови германски директни инвестиции, како да се стимулира трговијата, ќе добиваат ли полесно визи.

За олеснувањето на визниот режим амбасадорот Брет одговори. „Олеснувањето прво ќе значи дека помалку предуслови ќе бидат потребни, ќе мора да се донесат помалку документи, ќе се издаваат подолги визи, барателите на визи не мораат лично да доаѓаат. Но ова не се германско македонски преговори тоа се ЕУ шенгенски преговори“, изјави германскиот дипломат.

Марен Диале Шелшмит од германската стопанска комора рече дека нејзината држава не може да ги натера германските компании да инвестираат во Македонија, но со политиката што ја води кон Балканот може да го одреди текот на инвестициите, да ги насочи инвеститорите. „Директно влијание неможе да има но она што го чини политиката и потезите што ги влече да речеме со ситуацијата на западен Балкан, може да влијае на нивно позитивно насочување. Да се насочат инвестициите овде“, изјави Шелшмит.

Германецот Детлеф Шлот веќе има бизнис во Македонија. Поседува книжарница во центарот на Скопје и се соочува со истите проблеми кои ги мачат и домашните бизнисмени.

Потешка од бирократијата, е немаштијата, вели германскиот книжар. „Кога ќе влезат во нашата книжарница потрошувачите секако дека немаат исто толку пари колку што имаат купувачите и во некоја друга земја во Европската унија. Но се случува и во Германија купувачите да ги трошат парите за други работи, а не за книги. Овде во Македонија забележително е дека купувачите размислуваат дали да купат книга и за 300 денари што не е голема сума и за овдешни услови. Ние продаваме книги и по цена меѓу 90 и 150 денари, користени книги, втора рака и ние со тие цени всушност се одржуваме“, изјави бизнисменот Шлот.

Германија е најзначеан трговски партнер на Македонија со размена од над половина милијарда долари годишно. Од поголемите германски директни инвестиции влезот на Сименс е сеуште во фаза на најава.