1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германско-кинески консултации во сенка на кризата со еврото

Кинескиот премиер Вен Џиабао и канцеларката Ангела Меркел ќе ги одржат првите германско-кинески владини консултации. Покрај должничката криза во еврозоната на дневен ред треба да се најде и прашањето за човековите права.

default

Првиот човек на кинеската влада, всушност, ја започна европската турнеја уште во петокот со посетата на Велика Британија. Денеска во Берлин, пак, ќе биде пречекан од германскта канцеларка Ангела Меркел. И додека Европа се`уште се справува со финансиската криза на неколку држави, Пекинг јасно става до знаење дека има голем интерес од решавање на проблемите во еврозоната. Од министерството за надворешни работи на Кина нагласуваат дека веќе се спроведени повеќе мерки во таа насока - како на пример купувањето на државни обврзници. Должничката криза се очекува да биде една од главните теми на состанокот во Берлин, нагласува и Еберхарт Зандшнајдер од Германското друштво за надворешна политика: „Меѓутоа, не треба да има големи очекувања дека Кина конкретно ќе помогне во спасувањето на Грција и еврото. Тоа не е билатерална германско-кинеска тема, туку станува збор за мултилатерално прашање, каде Кина работи заедно со ЕУ.“

NO FLASH Chinas Premierminister Wen Jiabao in Europa

Премиерот Вен Џиабао

За политикологот Гу Ксуеву од Универзитетот во Бон, посетата на кинескиот премиер треба да има сугестивно влијание: „Европа се наоѓа пред решавачки моменти во должничката криза. Посетата на Вен Џиабао би требало да ги зацврсти финансиските пазари. Кина не би сакала да гледа како финансиската криза се проширува и во другите земји од еврозоната.“

На дневен ред и темата човекови права

Заедно со премиерот Џиабао доаѓаат уште тринаесет министри. Првите германско-кинески владини консултации ќе се одржат во Берлин. Тоа е сосема нова форма на соработка за Кина. Експертот по кинески прашања Зандшнајдер смета дека тоа е

EU-Gipfel in Brüssel

Канцеларкана Ангела Меркел

резултат на долгогодишни подготовки: „Новата форма на соработка ја демонстрира и меѓусебната важност, што си ја придаваат двете земји. Мрежата консултации меѓу Германија и Кина и онака е веќе доста силна, но на овој начин се додава уште едно делче од мозаикот“, вели Зандшнајдер.

Освен економските прашања, германската канцеларка Ангела Меркел најверојатно ќе ја искористи можноста да ја отвори и темата за човековите прашања. Политиколот Гу нагласува дека Пекинг веќе се навикнал на таквите разговори: „Советниците на Џиабао веќе сфатија дека кога западните политичари разговараат со Пекинг околу човековите права, тоа го прават повеќе од внатрешно-политички побуди. Тие не сакаат по секоја цена да ја убедат Кина да се подобри во однос на човековите права.“

Дали таквите разговори навистина вродуваат со плод - тука духовите се разидуваат. Два дена пред почетокот на европската турнеја на Вен Џиабао, Кина ослободи двајца дисиденти, кои беа затворени од април, меѓу нив и уметникот Ај Веивеи. Повеќето набљудувачи нагласуваат дека барем тајмингот на нивното ослободување стои во врска со посетата на кинескиот премиер на Европа.

Автор: Као Хаије/ Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM