1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германско-кинескиот бизнис „цути“

Двете земји потпишаа бизнис договори вредни повеќе од 6 милијарди долари за време на посетата на канцеларката Ангела Меркел на земјата. Кина најавува поддршка за еврозоната

Германските бизнисмени побараа од кинеските власти да дозволат поголем влез на странски фирми на нивниот пазар преку поедноставување на процедурите за инвестирање и подобра заштита на интелектуалната сопственост. Барањето беше поставен за време на тркалезната маса на која присуствуваа и германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот премиер Вен Џијабао во градот Тианџин. Меркел, која е придружувана од голема бизнис делегација, претходно разговараше со највисокото кинеско раководство околу европската должничка криза и меѓусебната трговија.

Вчера, двете земји потпишаа 18 меѓувладини и бизнис договори чија вредност надминува 6 милијарди долари. Најголема ставка во договорите отпаѓа на продажбата на 50 авиони од типот Ербас, за кои Кина ќе плати 3,5 милијарди долари.

Ова е втора посета на Меркел на Кина годинава. Властите во Пекинг дадоа претпазливи ветувања дека ќе се обидат да помогнат во напорите да се реши должничката криза во еврозоната.

Кина е подготвена повеќе да инвестира во обврзниците на земјите-членки на ЕУ, но под услов на целосно пресметани ризици, соопштил премиерот Џијабао, јавија државните медиуми во земјата.