1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германско знаење за охридскиот туризам

Учесниците на германско-македонската мрежа за оддржлив туризам неделава престојуваат во Берлин и Еберсвалде каде и практично ќе ги видат најдобрите примери и искуства кои може да се пренесат и во Охрид

Германски „ноу-хау“ за македонскиот оддржлив туризам. Вака накусо може да се дефинира целта на германско-македонската соработка меѓу универзитетите од Еберсвалде и Охрид, во чии рамки треба да се пренесат германските искуства во Македонија. И тоа конкретно значи преземање на модели за управување со објектите што се под заштита на УНЕСКО,  поврзување на националните паркови со општините, доделување сертификати за квалитет во туризмот и сл.
Биохотелот „Алмодовар“, функционирањето на Фондацијата на Пруските замоци и градини, националниот парк на долината на Одра се локациите кои неделава се цел  на учесниците на германско-македонската мрежа „Оддржлив туризам“ кои престојуваат во Берлин и Еберсвалде.

Најдобри примери

„Мислам дека токму во туризмот е значајно не само националното, туку и меѓународното гледање на работите, затоа сум задоволен што има прекрасна

Vahrson und Rein HNE Eberswalde

Соработка за пример меѓу Еберсвалде и Охрид - професорите Варзон и Рајн

соработка меѓу Универзитетите на Еберсвалде и Охрид. Заедничката работа и истражување за темата оддржив туризам, се финансира од ДБУ (германската фондација за заштита на природата) и треба да помогне да се изнајде пат за нејзино користење, но и да се постигне соработка меѓу оние кои ја користат природата и оние кои ја заштитуваат“, вели за ДВ професор Вилхем-Гинтер Варзон, декан на  Универзитетот за примненети науки Еберсвалде, кој е германски партнер на Охридскиот факултет за туризам и угостителство во тренинг програмата за оддржив туризам
„Лајт мотивот на овие неколку дена се најдобрите германски практики. Ние ги согледуваме најдобрите и ќе се потрудиме со одредени модификации така да се работи и во Македонија.“, вели за  ДВ  Сашо Коруноивски, декан на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Учесниците на програмата  деновиве ја посетија и Фондацијата за заштита на Пруските замоци и паркови  кои се под заштита на УНЕСКО во Потсдам. А, искуството е добредојдено за Охрид, за што Коруновски појаснува:
„Важно е што тука постои едно тело кое што управува со замоците како  менаџмент кој ги собира сите информации и одлучува како да се работи.Токму некои  модифицирани решенија може да бидат применети и за Охрид - за црквите, за археолошките локалитети и воопшто за градот како целина “, 

Sasho Korunovski FTU Ohrid

На агенциите и хотелиерите им требаат и сертификати за квалитет по урнекот на германските. Сашо Коруновски, декан на ФУТ

објаснува Коруновски.

Исполнување на стандардите

Раководителот на проектот професор Хартмут  Рајн од Универзитетот Еберсвалде  дополнува што конкретно како „ноу-хау“ може да се искористи  во Охрид.
„Една работа е на пример стопанисувањето со хотелите. На кој начин оптпадната вода да не оди неисчистена во езерото? Како да се обзбеди да не дојде до разградување на  брегот? Како да не се растура енергијата, но и како луѓето кои работат во хотелите подобро да бидат платени, а притоа да се испочитуваат сите стандарди кои значат оддржливост на туризмот од аспект на животната средина, социјалните стандарди и секако рентабилното работење! Со други зборови - како да се заработат пари, без да им се  наштети на придодата и општетсвото“. Во оваа смисла Сашо Коруновски  дополнува дека се значајни сертификатите во туризмот кои би им се доделувале на агенциите и хотелиерите. Во Македонија, како вели има стандардизација, но нема сертификати за квалитет, така што ова искуство може да се преземе.
Унаку сертификати за промотори на оддржливиот туризам ќе добијат оние

Marta Bojkovska-Langer HNE Eberswalde

Носталгијата ја роди идејата за концептот оддржлив туризам во Македонија - Марта Бојковска-Лангер

учесници од Македонија кои ќе ги минат сите четири  тренинг единици од тренинг програмата која ќе трае и во 2012 година. Посебен сертификат за вистински промотор на Македонија не и е потребен на Марта Бојковска - Лангер.Таа е  веќе докажана. таа е координатор од страна на Универзитетот во Еберсвалде и е идеен носител на концептот на проектот. Ја прашавме: како се роди  идејата:
„Кога  започнав да студирам во Германија не очекував дека ќе имам толку голема носталгија за Македонија. Носталгијата можев да ја „лекувам“ единсрвено со промовирање на Македонија на сите мои  предавања и контакти во Еберсвалде. На саемот за туризам во Берлин ИТБ во 2008 година,  го сретнав  факултетот за туризам од Охрид. Ја предложив  идејата и кажав  дека запознав факултет (Еберсвалде)  кој што носи знаење кое мора да се пренесе во Охрид. И од една визија  се случи вистинскиот проект!“, вели  Марта Бојковска - Лангер.

Поврзана содржина