1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германското стопанство по нагорна линија

Германската економија се наоѓа во силен и стабилен растеж. Стопанскиот развој во 2006 година достигна 2,5 проценти што е многу повеќе од очекуваното на почетокот на годината. Врз тоа не влијаеше ниту одлуката за зголемување на данокот на додадена вредност. Конјунктурата е толку робустна што се прогнозира дека ќе продолжи и во 2007-та.

Сите криви покажуваат нагорна насока

Сите криви покажуваат нагорна насока

Цела низа години Германија се наоѓаше на конјунктурната опашка во Европската унија. На меѓународен план дури се зборуваше за германска болест. Тоа е минато. Во моментов Германија доживува не само најсилен растеж од бумот по обединувањето во 90-десттите години, туку уште повеќе: Германија е локомотива на Европа. Во ниту една друга земја во Европската унија стопанството не расте толку колку во Германија. Растот изнесува 2,5 проценти, но никој нема да се изненади ако при точното пресметување Сојузниот завод за статитиска констатира уште поголем процент. Изгледите за продолжување на овој тренд и во 2007 година се добри. Посебно важно и радува е што расте вработувањето. Во ноември, според официјалната статистика бројот невработени се спушти под 4 милиони. За тоа постојат две важни причини: од една страна влијае сигурноста на платите- од невработените пак се бара позасилена потрага по работа при што повеќе им се помага. Од друга, фирмите во периодот на стагнацијата, толку го редуцираа персоналот што сега, кога растатат нарачките мораат да го зголемуваат бројот вработени. Намалувањето на невработеноста дополнително ќе ја засили конјунктурата. Тоа се однесува како на приватната потрошувачка, така и на растоварувањето на јавните каси. Сето заедно ја подобрува и атмосферата во земјата.

Германското стопанство, значи, денес е посилно од кога и да е. Фирмите добија линија, се концентираат врз своите компетентности и ги оптимираа прозиводствените процеси. Ги модернизираа и натаму ги интернационализираа. Дури и средните фирми сега се наоѓаат на светскиот пазар, не само со продажни пунктови, туку и во производството.Во растечки дел во германските извозни производи се наоѓаат и испораки од поефтините произведени во странство. Вештината е во тоа таквото прозиводство да се организара без да му наштети на квалитетот. За растежот секако помогна и умерената тарифна политика на синдикатите. Трошоците за работа во Германија во последниве шест години не пораснаа ниту за половината од оние во другите земји на Европската унија, а се намалија трошоците за плати што ја засили конкурентноста на германските производи на светските пазари.

Германија 2006 повторно ја завршува како светски рекордер во извозот. Конјунктурното заладување во Америка може да се издржи, зашто германскиот извоз во другите делови на светот се одвива многу динамично. Во тоа се вбројуваат Источна Европа и Русија, но и Кина, Индија и Блискиот исток. Ниту силното евро не го запре тој тренд.

Според се, растежот е толку робустен што нема да го задуши ниту зголемувањето на данокот на додадена вредност. За 2007 изгледите се и натаму одлични.