1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германското стопанство очекува големи инвестиции во Либија

Лошата инфраструктурата во Либија ги спречуваше досега странските претпријатија да инвестираат во земјата. Па сепак, германските претпријатија сакаат поинтензивно да се ангажираат во обновата на Либија.

Libya residents of Tripoli carry bottles of water in Tripoli, Libya, Sunday, Aug. 28, 2011. While fighting has died down in the city, life remains very difficult. Much of the capital is without electricity and water. Streets are strewn with torched cars and stinking garbage, because trash hasn't been collected in many neighborhoods for months. Corpses crowd abandoned hospitals. Stores are closed. Bombed planes sit on the Tripoli's airport's tarmac.(Foto:Francois Mori/AP/dapd)

Во Либија се прават обиди за нормализација на животот

Либија, благодарение на изворите на нафтата и гас, е богата земја. Моамер ел Гадафи и неговото семејство насобраа милијарди и ги однесоа во странство. Само на нивните сметки во Германија се замрзнати преку седум милијарди евра. Но, сега парите треба што е можно побрзо да бидат одблокирани и да му се дадат на либискиот народ. Германското стопанство гледа добри шанси да ги зголеми своите инвестиции во Либија. Интересот е голем, вели одговорниот од одделот за меѓународни односи од Германската индустриска и стопанска комора Феликс Нојгарт. Пред се’ во изградбата на инфраструктурата има многу работа: „Станува збор за снабдувањето со струја и вода и системот за отпадни води. Значи се’ што им е потребно за да се изгради солидна инфраструктура. А, тоа пак, бара повисок степен на технички експертизи и инженерска уметност. Во тоа на пример германските фирми се навистина добри и затоа се баран партнер.“

Неразвиен правен систем и небезбедна околина

Oil worker Hadi Salem Ahmed Bin Lashab supervises a maintenence crew at the Zawia oil refinery in Zawia, Libya Feb. 5, 2004. Libya plans accept bids for a US$2 billion upgrade later this year, although American oil companies are forbidden from participating because of the U.S. sanctions on Libya. (AP Photo/John Moore)

За нафтените постројки се грижат локалните работници

И покрај богатството на земјата, инфраструктурата е релативно лоша, што досега ги спречуваше претпријатијата да инвестираат во Либија. Но, тоа не е единствената причина. Средните претпријатија не сакаа да се ангажираат во земјата и поради  нестабилната и небезбедна околина и неразвиениот правен систем. „Беа донесувани одлуки кои не можевме да ги сфатиме и кои само делумно или воопшто не беа  спроведувани од либиската влада. На странските претпријатија им беше тешко да сфатат до што треба да се придржуваат, а до што не. Доколку тоа би се сменило, и постои некаква правна безбедност, односно доколку рамнковните услови се јасни за странските фирми на лице место, тогаш верувам дека Либија ќе стане многу атрактивен партнер за германските фирми.“ Според Африканскиот сојуз на германското стопанство, пред граѓанската војна во Либија беа активни стотина германски фирми, како Сименс, Винтерсхал и РВЕ Деа. Сојузот сака да ги повика петпријатијата-членови поинтензивно да се ангажираат во обновата на земјата. Поради богатите извори на нафта и гас, поголемиот број германски фирми беа активни во областа на енергетското стопанство и во изградбата на нафтени постројки.

Пред граѓанската војна во Либија беа активни стотина германски фирми

Rebel fighters search for Libyan leader Moammar Gadhafi's forces in Tripoli, Libya, Friday, Aug. 26, 2011. Fighting was still going on in many parts of the city Friday between the rebels and Gaddafi's loyalists. (Foto:AP/dapd)

Граѓанската војна само ги влоши условите за живот во земјата

Фирмата-ќерка на хемискиот гигант БАСФ, Винтерсхал, кон крајот на февруари прекина со експлоатирањето нафта во пустината, поради граѓанската војна што ја зафати земјата. Оттогаш таму не се произведува повеќе нафта. Меѓународните соработници зи заминаа, соопшти портпаролот за печат Штефан Лојниг. Винтерсхал уште од 1958 година работи во Либија, а пред немирите во земјата произведуваше околу 100.000 барели нафта на ден: „Во моментов се’ уште е рано да се каже, кога, како и под кои услови ќе се продолжи производството во Либија. Во основа со скромни технички услови производството може да започне веќе за неколку недели“, вели Лониг. Во моментов за нафтените постројки се грижат локалните работници, кои останале во Либија.

 

Автор: Моника Ломилер / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска

 

DW.COM