1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германското стопанство бара поголема визна слобода

Процесот на одлучување по барањата за виза, според германското стопанство, се‘ уште трае предолго. Ако странските деловни партнери не можат да допатуваат во Германија, се губат инвестиции, обвинуваат стопанствениците.

На еден германски земјоделски саем беше речиси договорена милионска зделка. И наеднаш - лоша вест: итнo неопходната виза за еден од странските партнери не можеше да биде издадена. Телефонскиот број во документите беше неточен, амбасадата не можеше да добие никого. Според Андреас Мец, референт за визни прашања и портпарол на таканаречениот Источен одбор на германското стопанство, кој ги застапува интересите на германските фирми во Источна Европа, ваквиот пример не е изолиран случај.

Тој не може да сфати зошто се‘ уште се спроведуваат стари правила. „Визниот систем е реликт од 19 век“, вели Мец за ДВ. „Денес има други начини за да се осигура безбедност, како биометриски пасоши и датотеки со информации кои многу помалку го попречуваат патувањето.“ Тој се надева дека обврската за виза долгорочно ќе биде укината.

Страв од организиран криминал

Дискусијата околу слободата на патување без пречки е актуелна и на владино ниво. Министерот за економија Филип Реслер бара поголема слобода и неодамна од министерот за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих побара да се откаже од своето спротивставување на полиберално издавање на визите. Загриженоста за безбедnоста на земјата пак, е еден од главните аргументи на министерството за внатрешни работи. Министерството за ДВ соопшти дека постои желба за олеснување на постапката за добивање виза, но визата како инструмент нема сосема да се отфрли. Мора да се внимава на „безбедносните и миграциско-политичките аспекти“.

Antrag auf Erteilung eines Schengen-Visum

Процесот на одлучување по барањата за виза трае предолго, се жалат стопанствениците

Претставникот на стопанството Мец смета дека спротивставувањето на безбедноста на една и олабавувањето на визниот режим на друга страна е апсурдно: „Дебатата за визите во оваа земја се води премногу од аспект на можна злоупотреба.“ Други земји во рамки на Шенгенскиот регион се многу повеликодушни. „Секоја година има еден милион визи за руски државјани кои ги издава финскиот конзулат во Санкт Петербург. Германија пак, издава само 340.000 годишно“, нагласува Мец. И земји како Италија или Шпанија кои се борат за бум на туризмот се полиберални при издавањето визи.

Поради постриктниот начин на издавање визи од страна на Германија, страда економијата. Според истражување на Источниот одбор направено во 2011 година, околу една петтина од сите претпријатија кои се во контакт со руски деловни партнери, веќе загубиле по една зделка. „Има случаи каде зделки пропаѓаат поради тоа што некој не може да допатува, поради тоа што не е можна средба“, нагласува Мец.

Огромни бирократски трошоци

Освен тоа, претставникот на браншата, се жали и на финансиксите трошоци кои со себе ги носи обврската за визи. „Сметаме дека само обврската за визи меѓу Германија и Русија со себе носи бирократски трошоци од 160 милиони евра годишно“, подвлекува Мец. Процесот на одлучување по барањето за виза трае во просек по четири до осум недели. Стапката на одбиени барања е ниска и кај руските граѓани изнесува околу 1,4 проценти. Честопати причина за отфрлање на барањето се формални грешки.

Правниот експерт Ролф Гутман, коиздавач на списанието „Право за странци“ редовно пред судовите застапува токму вакви случаи. „Во Берлин и при нормална тужба во вакви случаи процесот трае од три до девет месеци“, вели тој за ДВ. Според неговото искуство, компликации може да се јават дури и ако Индустриската и трговска комора дала зелено светло за издавање виза.

Штефан Фистерер, експерт за пазар на работна сила во хај-тек браншата, вели дека драстични случаи кај нив се нетипични, но бирократските процедури претставуваат пречка. „Проблемот со визите се појавува кај посетителите од Источна Европа, а делумно и кај оние од Далечниот Исток“, нагласува тој. Термините затоа мора да се координираат подолго време, а краткорочно закажани средби се делумно невозможни.