1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германското државно обвинителство ќе ги гони салафистите

Истрагата за наводно планираното убиство на шефот на партијата Про НРВ ја презема државното обвинителство. Тоа ја води истрагата и за обидот за бомбашки напад во Бон. Дали двата случаи имаат некаква поврзаност?

Германското државно обвинителство во Кaрлсруе ја презема истрагата против четворицата уапсени салафисти поради сомнение дека планирале атентат врз претседателот на партијата Про НРВ. Главното обвинување гласи: Сомневање за формнирање терористичко здружение, подготовка на тешко насилно дело, кое ја загрозува државата и договор за извршување убиство.

Државните обвинители проценуваат дека мажите „се здружиле во конспиративна групација, за врз основа на милитантно-исламистички ставови да извршуваат напади со ексползивни направи и огнено оружје врз членови на партијата Про НРВ“. Четворицата мажи, двајца Германци со турско потекло, еден Албанец и еден Германец минатата недела беа уапсени во покраината Северна Рајна Вестфалија и се во истражен затвор.

Осомничените долго биле надгледувани

Двајца од нив ноќта кон 13 март се откриени во околината на станот на претседателот на Про НРВ Маркус Бајзихт во Леверкузен. Во еден стан во Бон истражните органи открија 600 грама од експлозивната супстанца амониумнитрит и огнено оружје со муниција. Освен ова таму салафистите чувале листа со обележани имиња на кандидати за покраинската листа на партијата Про НРВ. Полицијата долго време ги надгледувала осомничените лица.

Во моментов истражните органи проверуваат дали постои поврзаност на случајот со обидот за бомбашки напад на главната железничка станица во Бон. Двата случаи се во рацете на државното обвинителство. За бомбата во чантата непознати сторители користеле слична хемикалија, каква што сега е пронајдена во станот на салафистите. Спoред некои медиуми, кои цитираат информации од опкружувањето на истражните органи, еден од уапсените при едно сослушување се произнесол како поставувач на бомбата. Потврда за оваа информација досега нема.