1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ 10

Ова е распоредот на најдобрите десет во Германија за оваа недела:

default

Втора недела најдобра за Германците - Лејди Гага

1. Lady Gaga - Poker Face

На првото место во Германија нема промени - втора недела по ред таму се наоѓа Лејди Гага, со вториот сингл од нејзиниот деби-албум The Fame.

2. Silbermond - Irgendwas bleibt

Bautzener Rockband Silbermond

Заедно уште од 1998 година - Зилбермонд

Членовите на бендот Зилбермонд се сретнале во 1998 година, кога заедно учествувале во музичкиот проект Ten Sing. Подоцна одлучуваат да формираат сопствена група, насловена Jast, но во 2001 година уште еднаш го менуваат името во Silbermond и оттогаш пеат, пред се`, на германски. Нивниот трет албум, Nichts passiert официјално беше пуштен во продажба на 20-ти март, а синглот Irgendwas bleibt и оваа недела останува на вице-шампионската позиција во Германија.

3. Razorlight - Wire To Wire

4. James Morrison ft. Nelly Furtado - Broken Strings

5. Mando Diao - Dance With Somebody

Mando Diao

Мандо Диао наскоро ќе одржат и неколку концерти во Германија

Првичното име на бендот од Шведска било Батлер, но по неколку промени на поставата, се преименуваат во Мандо Диао, а пресвртот во нивната кариера се случува во 2004 година, со албумот Hurricane Bar. На почетокот од оваа година го издадоа и петтиот студиски албум во нивната кариера, а синглот Dance With Somebody навистина доживува огромна популарност во Германија.

6. Kelly Clarkson - My life would suck without you

7. Peter Fox - Schwarz zu blau

Петер Фокс e овогодинешниот носител на германската награда Ехо за најдобр R&B и хип-хоп изведувач, a темата Schwarz zu blau, му е посветена на Берлин, градот во кој живее и за кој самиот вели дека често му служи како инспирација.

8. Peter Fox - Haus am See

9. Katy Perry - Hot N Cold

10. Eisblume - Eisblumen

Германскиот бенд Ајсблуме е оформен во 2007 година, а првиот албум го издаваат оваа 2009, под насловот Unter dem Eis.

21.02.2009 DW-TV Kultur.21 Eisblume

Ајсблуме - повторно назад меѓу најдобрите десет

Од новитетите ги издвојуваме:

59. Sandra - In a Heartbeat

Германската пејачка Сандра во 80-те и 90-те години постигна голема популарност во Европа. Нејзината музичка кариера почнува уште во 1974 година, но вистинскиот успех го постигнува десетина години подоцна со синглот (I'll Never Be) Maria Magdalena. Оваа година се враќа на германската музичка сцена со албумот Back To Life.

62. Miley Cyrus - Fly On The Wall

Американската тинејџерска икона, Мајли Сајрис, славата ја постигна благодарение на тв-шоуто Хана Монтана на тв-каналот Дизни. Минатата 2008 година го издаде и вториот студиски албум, Breakout.