1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски ТОП 10

Ова е распоредот на десетте најдобри во Германија за оваа недела:

default

Феликс Ројбер, фронтменот на Polarkreis 18

1. James Morrison & Nelly Furtado - Broken Strings

Џејмс Морисон досега има издадено два албуми, првиот во 2006, „Undiscovered“ и „Songs For You, Truths For Me“, издаден минатата, 2008. Досега најголем успех забележа со деби-синглот, „You Give Me Something“, сепак ни оддалеку не може да се спореди со успехот на „Broken Strings„. Соработката со Нели Фуртадо веќе четврта недела по ред самоуверено го држат тронот.

Johnny Borrell

По синглот "America", "Wire To Wire" e новиот хит-сингл за Razorlight

2. Mando Diao - Dance With Somebody

3. Peter Fox - Schwarz Zu Blau

4. Razorlight - Wire To Wire

Од третиот албум, Slipway Fires, издаден на трети ноември минатата година, Razorlight со Wire To Wire бележат искачување од девет позиции до четвртото место.

5. Polarkreis 18 - The Colour of Snow

Поларкрајс 18 го издаваат првиот албум во 2002 година, под насловот „Teaser“, а стилски претставуваат мешавина од поп, синт-поп и индитроник. Момците од бендот велат дека посебно албумот „13“ на Блур ги инспирирал да се обидат и со експерименталниот звук. Оваа недела на германскиот топ десет се застапени со два сингла од новиот албум, „The Colour of Snow“.

6. Cassandra Steen - Darum Leben Wir

7. Polarkreis 18 - Allein Allein

8. Katy Perry - Hot N Cold

Во пад за пет позиции во однос на минатата недела, Кети Пери со „Hot N Cold“ се` уште се држи меѓу најдобрите десет во Германија, иако по самото издавање цели осум недели помина на врвот. Со тоа го надмина и успехот на „I Kissed A Girl“.

9. Peter Fox - Haus am See

Peter Fox, Echo

Питер Фокс - двократниот добитник на „Ехо“ оваа година и германски претставник на „Евровизија“

Питер Фокс е овогодишниот добитник на наградата „Ехо“ за најдобар хип-хоп изведувач, како и продуцент на годината. Иако долго време е на германската музичка сцена, како дел од реге/денсхол составот „Seeed“, дури минатата година го издава првиот соло албум, насловен „Stadtaffe“, кој во Германија постигнува платиниумска продажба.

10. Eisblume - Eisblumen

Од новитетите ги издвојуваме:

22. Sasha - Please Please Please

Sasha

Саша Шмиц, како новитет на 22. позиција

Саша Шмиц на германската музичка сцена е присутен уште од 1998 година и досега има издадено шест албуми, од кои најновиот е насловен „Good News On A Bad Day“. „Please Please Please“ е првиот сингл од овој албум.

93. P.Six & Guru Josh Project - Let me know (Infinity)

На местото 93 во Германија се најде ремиксот на синглот „Infinity“, оригинално издаден уште во 1989 година од Британецот Пол Валден, или попознат како Гуру Џош. Оттогаш траката беше реиздавана во повеќе наврати, а кон крајот на 2008 година повторно се врати на топ листите - овојпат во ремикс на германскиот диџеј Клас.

Аудио и видео прилози на оваа тема