1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Revolverheld повторно се враќаат меѓу десетте најдобри; Bruno Mars се` уште е застапен со два сингла на Германскиот топ десет, а Kylie Minogue учи шпански, за да може подобро да комуницира со своето ново момче.

default

Парите не му се најважни на P. Diddy

1. Rolling in the Deep - Adele

Втора седмица по ред, Adele го држи врвот на Германскиот топ десет. Во родната Велика Британија, пак, нејзиниот нов албум 21 веќе три седмици е најпродаван албум.

2. Grenade - Bruno Mars

Bruno Mars на неодамнешните награди Grammy беше номиниран во вкупно шест категории, но на крајот си замина дома само со признанието за најдобра вокална изведба од машки изведувач за темата Just The Way You Are.

3. We Are the People - Empire of the Sun

Австралијанскиот состав Empire Of The Sun неделава бележи пад за само една позиција и се пласира на третата.

Empire of the sun

Empire Of The Sun

4. Coming Home - Diddy-Dirty Money

Раперот, кој е познат по организирањето скапи забави, минатиот викенд ги изненади посетителите на една роденденска прослава, кога при неговиот настап практично ги преплави гостите со близу еден милион долари во кеш. Во синглот Coming Home, P. Diddy говори токму за работите кои му се најважни во животот, а се чини дека парите не се меѓу нив. Оваа седмица се искачува до четвртата позиција.

5. The Time (Dirty Bit) - Black Eyed Peas

Составот Black Eyed Peas неодамна настапи на полуфиналето од американскиот спектакл Super Bowl, но нивниот перформанс наиде на жестоки критики во јавноста. Додека рејтингот на бендот драстично се намали, еден караоке-бар во Калифорнија дури им забрани на Fergie, Will.I.Am и останатите членови на составот да настапуваат во барот, се` додека не докажат дека музиката им е поважна од костумите што светкаат.

6. Higher - Taio Cruz feat. Kylie Minogue

Во неделата на вљубените, Kylie Minogue докажува дека кога станува збор за љубовта, ништо не е тешко. Таа неодамна почна да зема часови по шпански, за да може да се разбере со нејзиното ново момче Andres Velencoso на неговиот мајчин јазик.

Kylie Minogue

Kylie учи шпански за подобро да го разбере својот партнер

7. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

8. Hey (Nah Neh Nah) - Milk & Sugar vs. Vaya Con Dios

9. Just the Way You Are - Bruno Mars

10. Halt dich an mir fest - Revolverheld feat. Marta Jandová

По хитовите Spinner и Keine Liebeslieder, петмината членови на составот Revolverhеld од Хамбург сега конечно ја понудија првата балада од новиот албум , In Farbe. Оваа седмица бележат искачување од тринаесеттата позиција и повторно влегуваат меѓу десетте најпродавани синглови во Германија.

Автор: Media Control GfK/Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска

WWW-линкови