Германски топ десет | Панорама | DW | 07.02.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Преработки на два сингла од 80-те и 90-те години оваа седмица се најдоа меѓу врвните десет на германската сингловска листа. Освен тоа, бележиме промени на првата позиција, а имаме и еден новитет.

default

Adele го освојува Германскиот топ десет

1. Rolling in the Deep - Adele

Британската пејачка Adele успеа од третата позиција да се искачи до самиот врв на Германскиот топ десет. Новиот албум на двојната добитничка на Греми награда, насловен, насловен 21, излезе во продажба на крајот од јануари, а беше продуциран во Малибу и Лондон.

2. We Are the People - Empire of the Sun

Составот од Австралија во голема мера му го должи својот успех во Германија на мобилниот оператор Vodafone, кој го искористи нивниот сингл за телевизиска реклама. Сепак, се разбира дека квалитетот на музиката на Empire of the sun е одлучувачкиот фактор што We are the people веќе петнаесетина недели ги држи врвните позиции на Германскиот топ десет.

3. Grenade - Bruno Mars

Доаѓа од Хаваи, живее во Лос Анџелес и со деби-албумот DooWops & Hooligans и сингловите од него ги освојува листите ширум светот. Bruno Mars веќе го докажа својот талент во соработката со Travie McCoy на синглот Billionaire, а ништо помалку успешен не беше и дуетот со B.o.B., Nothing On You. Со темата Grenade Bruno Mars веќе го освои врвот на американската сингловска листа.

Musiker Bruno Marx Flash-Galerie

Bruno Mars се` уште застапен со два сингла меѓу врвните десет во Германија

4. The Time (Dirty Bit) - Black Eyed Peas

Песната The Time, преработката на насловната тема од саундтракот за филмот Dirty Dancing, е првиот сингл од новиот албум на Black Eyed Peas, кој го носи насловот The Beginning. Според членовите на составот, името е симболично, бидејќи го означува почетокот на новата фаза во која влегуваат Black Eyed Peas, а која е ориентирана кон иднината. А има ли подобар начин да се почне новата ера отколку со преработка на хит од осумдесеттите?

5. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

6. Just the Way You Are - Bruno Mars

7. Higher - Taio Cruz feat. Kylie Minogue

Внимание, Kylie Minogue ја открива тајната на добриот изглед: „Знам многу трикови кои секогаш помагаат да изгледам подобро. Најважна е шминката, што ја нанесувам на целото тело и се разбира квалитетна долна облека.“ Kylie Minogue, која има 42 години и успешна борба со рак на дојката зад себе, вели дека не и` претставува никаков проблем тоа што ја сметаат за секс-симбол.

8. Firework - Katy Perry

На 13. февруари во Лос Анџелес ќе бидат доделени годинешните Греми награди. Настапот на Katy Perry е веќе потврден, а меѓу другите на сцената ќе се појават и Britney Spears, Lady Gaga, Justin Bieber и Eminem.

Musiker Steffen Harning und Michael Kronenberger vom Duo Milk & Sugar Flash-Galerie

Steffen Harning и Michael Kronenberger се членовите на дуото Milk & Sugar

9. Hey (Nah Neh Nah) - Milk & Sugar vs. Vaya Con Dios

Зад составот Milk & Sugar се крие продуцентско дуо од Минхен, кое во Велика Британија веќе забележа неколку клупски хитови. За нивниот нов синлг, Milk & Sugar ги добија правата за користење на хитот на Vaya Con Dios од деведесеттите години, Hey (Nah Neh Nah).

10. Coming Home - Diddy-Dirty Money (новитет)

Coming Home е првиот сингл од новиот албум на Diddy, раперот кој веќе дваесет години е присутен на музичката сцена. Новата песна е еден вид ретроспектива на неговиот досегашен живот, но и поглед кон иднината. Според Diddy, грешките од минатото треба да се заборават и наместо тоа треба да се концетрираме на работите кои ни се навистина важни во животот.

Автор: Media Control GfK/Трајче Тосев

Редактор: Горан Чутаноски