1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Минатата недела бендот Empire Of The Sun успеа да го симне од тронот Хаваецот Israel Kamakawiwole. Дали Австралијанците успејаа и неделава да го задржат тронот?

default

Интернационалниот успех им појде од рака - Empire Of The Sun

1. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

По малата „воздишка“ што ја зеде минатата недела, Israel Kamakawiwole неделава повторно се враќа онаму кадешто веќе помина 13 недели - на самиот врв на Германскиот топ десет. Over The Rainbow неделава повторно ја држи пол-позицијата на листата најпродавани синглови во Германија.

2. The Time (Dirty Bit) - Black Eyed Peas

Кога минатата година го издадоа албумот The E.N.D. односно The End (или крај), сите помислија дека тоа е последниот албум на Black Eyed Peas, пред нивното распаѓање. Меѓутоа годинава освен тоа што американскиот состав има нов албум, кој се вика The Beginning (односно почеток), тие со него повторно ги освојуваат листите ширум светот.

3. We Are the People - Empire of the Sun

Покрај тоа што веќе не се германски шампиони, за членовите на Empire Of The Sun има мала, финансиска утеха. Имено, нивниот сингл во Германија веќе постигна златен статус. Тоа значи дека темата We Are the People била продадена во повеќе од 150 илјади пати.

Flash-Galerie Cover Duck Sauce CD Cover Barbra Streisand

Златен статус во Германија за составот Duck Sauce

4. Barbra Streisand - Duck Sauce

Синглот на диџејското дуо Duck Sauce неделава бележи искачување за една позиција, но и искачување на продажбата. Песната, во форма на компакт-диск, се продаде во повеќе од десет илјади примероци, а кога на тоа ќе се додадат и легалните симнувања од интернет - Duck Sauce неделава освоија златен статус во Германија.

5. Just the Way You Are - Bruno Mars

Со оваа песна, Bruno Mars сакал едноставно да искаже што претставуваат за него девојките. Признава дека песната е напишана за посебна девојка во неговиот живот, но одбива да го открие нејзиното име. „Најмногу ја сакам ненашминкана и едноставна“, додава Bruno Mars.

6. Only Girl (in the World) - Rihanna

Моментално два сингла на пејачката од Барбадос се наоѓаат меѓу најпродаваните во Германија. Only Girl (In The World) неделава го држи шестото место, а најновата соработка со David Guetta на темата Who's That Chick и` ја донесе 14. позиција.

Sänger Bernd Heinrich Graf von der Band Unheilig singt in Berlin Flash-Galerie

Пејачот Bernd Heinrich Graf (Unheilig) доаѓа од покраината Северна Рајна Вестфалија

7. Winter - Unheilig

Бендот Unheilig e основан уште во 2000 година, но вистинскиот пробив на музичката сцена од германското говорно подрачје им успеа дури годинава со синглот Geboren um zu leben. Запрашан на што се должи таквиот неочекуван успех, фронтменот на групата, познат под прекарот Der Graf, истакнува дека рецептот е „типично германски“ - вредно и упорно работење на она што го сакаш.

8. Run - Leona Lewis

Во пресрет на божиќните празници, купувачите на музика во Гемранија се сетија дека Leona Lewis има одлична балада. Синглот Run неделава повторно бележи искачување и се наоѓа на осмото место.

9. I Need a Dollar - Aloe Blacc

Egbert Nathaniel Dawkins III e вистинското име на Aloe Blacc, роден во 1979 година во Лос Анџелес. Неговата музика содржи примеси на џез, R&B, соул и хип-хоп. Првиот албум Shine Through го издаде во 2006 година, но меѓународниот пробив му успеа дури годинава со вториот албум и синглот I Need A Dollar.

10. Freaky Like Me - Madcon

Во сеќавањата се` уште го имаме хитот Glow, кој Madcon го изведоа на годинешното издание на Евровизија, и кој подоцна и` беше вистинска конкуренција на листите дури и на победничката песна на Lena, Satellite. Норвешкото дуо уште еднаш успева да ги собере сите потребни состојки потребни за еден хит и со Freaky Like Me, неделава се искачува до десеттата позиција на Германскиот топ десет.

На следната страница ви ги претставуваме и десетте најпродавани албуми.

WWW-линкови