1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Листата најпродавани синглови неделава донесува три новитети, а промени забележуваме и меѓу врвните три албуми.

default

Black Eyed Peas влегуваат како новитет на Германскиот топ 10

1. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

На врвот на Германскиот топ 10 веќе дванаесет недели се наоѓа хавајскиот музичар Israel Kamakawiwole. Тој, инаку, почина во 1997 година, а познат е по своето укулеле и мешањето на повеќе музички жанрови. Песната Over The Rainbow е искористена во многу филмови и телевизиски продукции.

2. We Are The People - Empire Of The Sun

Австралијанското дуо Empire Of The Sun бележи континуирано искачување на германската сингловска листа, а песната стана популарна благодарение на тоа што е искористена во телевизиска реклама. Меѓутоа, успехот можеби се должи и на тоа што синглот, кој првично беше достапен само во електронска форма, во меѓувреме е издаден и во ЦД-формат.

3. Barbra Streisand - Duck Sauce

Искачување неделава бележат Duck Sauce. За снимањето на спотот за песната Barbra Streisand тие испратиле барање до менаџерите на пејачката и актерка, во која побарале таа самата да се појави во него. Меѓутоа, Barbra никогаш не одговорила на таа понуда.

Sänger Bernd Heinrich Graf von der Band Unheilig singt in Berlin Flash-Galerie

Bernd Heinrich е пејачот зад името Unheilig

4. Winter - Unheilig (новитет)

Winter или Зима е насловот на најновиот сингл на Unheilig, кој пред неколку месеци ги освои листите во Германија со темата Geboren um zu leben. И двата сингла се преземени од исто така успешниот албум, Große Freiheit.

5. Just The Way You Are - Bruno Mars

Минатата недела Bruno Mars беше највисоко пласиран новитет на Германскиот топ 10 на втората позиција - неделава се спушта за 3 места. Неговото вистинско име е Peter Hernandez, а како што самиот изјави, својот музички талент делумно и` го должи и на својата татковина Хаваите.

6. Only Girl (In The World) - Rihanna

По врската со Chris Brown, која заврши со модрици по лицето на Rihanna, пејачката сега е во среќна врска со кошаркарот Matt Kemp. Katy Perry, која инаку е блиска пријателка на Rihanna, дури изјави дека може да се шпекулира за венчавка и свадба.

7. The Time (Dirty Bit) - Black Eyed Peas (новитет)

Black Eyed Peas се враќаат со нов сингл и нов албум. По последното студиско остварување The E.N.D., бендот го крсти новиот албум The Beginning. Албумот делумно е повторно продуциран од David Guetta.

Die Band Revolverheld Flash-Galerie

Германскиот состав Revolverhead

8. Halt Dich An Mir Fest - Revolverheld Feat. Marta Jandová (новитет)

Соработката меѓу Revolverhead и Marta Jandova не е случајна. Jandova e вокал во групата Die Happy, која досега во повеќе наврати има работено заедно со Revolverhead и ги поврзува тесно пријателство. Меѓу другото, пред пет години Revolverhead настапија како предгрупа на турнејата на Die Happy.

9. Raise Your Glass - Pink

Во едно неодамнешно интервју, пејачката Pink откри дека како мала се тепала со другите деца, почнала да пуши на девет години, а на петнаесет избегала од дома. Меѓутоа, токму тој див период од животот најмногу и` недостасува на идната мајка. Pink и нејзиниот сопруг очекуваат принова кон средината на следната година.

10. I Need A Dollar - Aloe Blacc

Со ретро-соул звукот, застапен на албумот Good Things, Аloe Blacc e вистински наследник на Marvin Gaye, Donny Hathaway или Bobby Womack, сметаат критичарите. Германските фанови ќе можат да гов видат во живо на крајот од март на концерт во Келн и Берлин.

На следната страница ви ги претставуваме десетте најпродавани албуми.